Стипендии за поддршка на студенти од социјално загрозени семејства и ранливи категории
Фондација ЛЕОРОН доделува стипендии за поддршка на студенти од социјално загрозени семејства и ранливи категории за студенти запишани на државните факултети во Република Северна Македонија за академската 2026/2027 година
Фондацијата ЛЕОРОН веќе осум години активно се залага за поддршка на студенти од ранливи категории, запишани на државните универзитети во Република Северна Македонија.
Нашата цел е да ги намалиме пречките што произлегуваат од социјалната состојба со кои се соочуваат младите академци и кои можат да влијаат врз нивниот академски развој.
Веруваме дека секој млад човек има потенцијал да го оствари својот сон. Затоа вложуваме максимални напори да ги поттикнеме студентите преку академски успех да ги реализираат своите цели и амбиции.
Кој може да аплицира?
Стипендија „Кујтим Јусуфи“Право на аплицирање имаат:
студенти - деца на самохран родител;
студенти - деца на невработени родители;
студенти без родители и родителска грижа;
студенти со попреченост;
студенти - деца на корисници на надоместок по основ на престанок на работен однос од деловни причини;
Подносителите на апликација треба да имаат вкупни семејни приходи пониски од минималната нето-плата утврдена во Република Северна Македонија.
Висина на стипендијата
Стипендиите ќе се доделуваат во период од 10 месеци, во износ од 100 евра месечно.
Начин и рок на пријавување
Потребни документи: пополнет формулар - апликација (ЛИНК за симнување - МК верзија) (Формулар на албански јазик Линк за симнување - АЛ верзија)
Потврди за приходи;Мотивациско писмо.
Потврди за приходи
За вработените членови на семејството:
Потврда за остварени приходи за последниот месец пред аплицирањето на конкурсот, или
Потврда за последната исплатена плата.
За пензионери: испратница од пензија.
За невработените членови на семејството:
Потврда од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (АВРСМ) дека лицето е невработено;
Потврда дали прима или не прима паричен надоместок, со наведен износ доколку прима.
Рок за доставување
Сите документи треба да се достават најдоцна до 15 август 2026 година на следната е-адреса: [email protected]
Контакт
Е-пошта: [email protected]
Телефон: 02 3200 000
Дорунтина Рака Сума – проектен координатор
Мартина Иванова – проектен координатор
Веб-страница: https://www.leoron.com/foundation