STARforum
STARforum е инспиративна средба на клучните актери во екосистемот за кариерен развој и вработување на младите со цел вмрежување, подобро информирање и размена на знаење во оваа област, како и пронаоѓање конкретни решенија и влијание врз поголеми инвестиции во активности кои ќе им помогнат на младите полесно вработување и поквалитетен кариерен пат. STARforum ги обединува претставниците од бизнис секторот, надлежните институции за труд, образование, економија и млади, како и претставници од образовни институции, граѓанскиот сектор, меѓународни организации и младите.

Генерацијата Z, односно првата дигитална генерација (родени по 1996 година), до 2030 година ќе сочинува 30% од работната сила. Тие комуницираат поинаку: до 10 часа дневно се online, нивниот распон на внимание е 7' во споредба со 12' кај миленијалците, 40% сметаат дека се зависни од мобилни телефони, и двапати почесто ги менуваат работните места од постарите генерации без да покажуваат голема лојалност. Од друга страна, во поново американско истражување, 75% од менаџерите не се задоволни од Генерацијата Z, најмногу поради недостаток на мотивација, професионализам и слаби комуникациски вештини.
Во исто време, сè поголемото влијание на вештачката интелигенција (AI) брзо го менува пазарот на трудот и според Светскиот економски форум до 2030 година речиси 100 милиони работни места ќе исчезнат, но ќе се создадат и повеќе од 80 нови работни места. Од младите денес се очекува до пензија да сменат 17 работни места, но и дури 5 различни професии, од кои некои сè уште не постојат. Како тогаш да се образуваат за таква неизвесна иднина?
Токму поради сето ова, од исклучителна важност е редовно да се следат движењата на пазарот на труд, да се соберат сите клучни актери, да се разговара за решенија, научени лекции и заеднички да се планираат мерки и програми кои ќе им помогнат на младите да се насочат правилно и да се зајакнат на ваков турбулентен пазар на труд. Сето тоа го нуди STARforum, како и специјално креираниот STAR policy водич со препораки за мерки за поддршка на младите на пазарот на труд.
Првиот STARforum беше одржан во Сараево на 3.12.2024 година со 220 учесници и 25 говорници, со потпишување Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за труд и вработување на БиХ и невладиниот сектор. Во текот на 2025 година, серијата STARforumи се одржа низ целиот регион:
📍 Тирана – 11/06
📍 Подгорица – 12/6
📍 Приштина – 17/6
📍 Скопје – 19/6
📍 Белград – 24/6

Еден од заклучоците од одржаните STARforum беше дека е важно бизнис заедницата директно да се вклучи во дијалогот за мерките за вработување на младите. Поради тоа, STAR платформата во соработка со партнерите во 2026 година започна со посебна иницијатива B4GenZ (бизниси за генерацијата Z), која ќе обедини десетици бизнис мрежи, комори и асоцијации на работодавачи и заедно со нив пред летото 2026 година ќе организира повторни STARforumи низ регионот.
Партнери се: Белградска отворена школа, ORCA Приштина, Национален совет на млади на Македонија (NMSM), Young Professionals Network Albania (YPN) и ForumMNE, со координација на Инкубаторот за социјални иновации MUNJA.