СТАРментор

Со оглед на тоа дека наставниците се меѓу првите три најважни извори на информации за младите кога станува збор за кариерен пат, посебен фокус на СТАР платформата е ставен на поддршката за педагозите, психолозите и наставниците. Покрај тоа, тие може да имаат и важна улога во информирањето на родителите, кои се први по влијание врз младите кога станува збор за професионална ориентација.
Во наредниот период, СТАР платформата ќе покрене и посебна програма за средни училишта и универзитети наречена СТАРментор. Оваа програма има за цел да понуди методологија и поддршка за педагозите, психолозите и наставниците за квалитетно информирање и кариерно насочување на учениците и студентите, но и на родителите. Во рамките на СТАРментор, ќе се креира и директна соработка меѓу образовните институции со одредени бизнис мрежи и компании.