Колку брзо се менува пазарот на трудот? Дали старите работни места исчезнуваат, а нови се појавуваат? Колку пати ќе ги менуваме работните места пред пензионирањето? Можеме ли да ги предвидиме работните места во иднина и да се подготвиме? Дали образовниот систем е соодветен за промените?
Modul 2 6 video
Што всушност бараат работодавачите? Дали е доволна дипломата или постои нешто повеќе? Во оваа епизода од STAR edu серијалот ќе дознаеш кои се клучните soft вештини и начинот на размислување што може да те издвојат меѓу стотици кандидати – без разлика дали си доктор, готвач или програмер. Ако сакаш да станеш вработен што сите го посакуваат – оваа епизода е за тебе.
Modul 2 6 video
Во оваа епизода од STARedu серијалот откриваме како да го препознаеш својот потенцијал, страст и идната професија со помош на јапонскиот модел Ikigai. Преку практични совети и примери ќе научиш како да ги истражиш своите интереси и таленти, да го следиш пазарот на труд, да се поврзеш со луѓе од индустријата и да донесуваш одлуки што водат кон исполнет и смислен живот.
Modul 2 6 video
Диплома или пракса? Дали студиите сè уште имаат вредност на пазарот на труд? Откриј сè – од статистики и плати до примери на познати личности кои успеале без факултет. Во оваа епизода ги истражуваме предностите (и границите) на високошколското образование, алтернативите и како да го пронајдеш својот пат. Бидејќи прашањето не е дали да студираш, туку кога, што и зошто.
Modul 2 6 video
Во оваа епизода од STARedu серијалот откриваме зошто врските, информациите и познанствата (VIP) се клучни за твојот успех – особено на Балканот! Научи како да изградиш мрежа на контакти, да ги искористиш можностите што ти ги носи networking-от, и како да бидеш видлив/а и препознаен/а. Преку вистинската приказна на еден млад лидер од Сараево, дознај како и ти можеш да дојдеш до стипендија, работа или кариерен скок – без „штела“, туку со вистински чекори и стратегии.
Modul 2 6 video
Дали знаеш дека една касета со румба, тајландски енергетски пијалак и случајна средба во бар можат да покренат глобални бизниси? Во оваа епизода на STARedu откриваме како секојдневни, наизглед банални ситуации станале поттик за идеи што го променија светот – од Zumba и Red Bull до McDonald's и Vita Coco. Дознај зошто креативноста не е талент, туку стил на живот – и научи 5 конкретни навики што можат да ти помогнат и ти да размислуваш „out-of-the-box“. Време е да ја активираш својата имагинација.
Modul 2 6 video
Сè уште си во школа или на факултет? Совршено време да почнеш да ја градиш својата кариера! Во оваа епизода од STARedu курсот откриваме како токму преку воннаставни активности, натпревари, размени и студентски организации можеш да развиеш вештини и искуство што ќе те направат посакуван/а на пазарот на труд. Не чекај диплома – искористи ја секоја прилика уште сега и направи го првиот чекор кон кариерата од соништата.
Modul 3 6 video
Школата и факултетот се супер, но не се доволни. Во оваа епизода откриваме како преку неформално образование, онлајн курсеви, работилници, книги, туторијали и пракси можеш да стекнеш вештини што те издвојуваат на пазарот на труд. Научи каде да најдеш прилики, како да се пријавиш и како да извлечеш максимум од секоја нова активност.
Modul 3 6 video
Сите бараат искуство, но како да го стекнеш ако сè уште немаш? Донесуваме конкретни начини: стажирање, волонтирање, фриленсинг и сезонски работи. Ќе слушнеш и инспиративна приказна за девојка која без врски и познанства влезе во ИТ светот – само благодарение на упорноста и иницијативата.
Modul 3 6 video
Активизмот не е само волонтирање – тоа е можност да ја менуваш заедницата и да развиваш вештини што ги бараат работодавачите. Дознај како твоето вклучување во проекти, младински организации, студентски тела или меѓународни иницијативи може да ти помогне да изградиш мрежа на контакти, да ги зајакнеш комуникациските и лидерските способности и да се издвоиш меѓу кандидатите за работа.
Modul 3 6 video
Те гушат обврските и немаш време за себе? 🎯 Во оваа епизода на STARedu-от ти донесуваме најдобрите совети како да се организираш, да го управуваш времето и да избегнеш стрес! Ослободи време и за обврските и за она што го сакаш! ⚖️
Modul 3 6 video
Сакaш стипендија, пракса или размена? Во оваа епизода од STARedu курсот откриваме како да напишеш квалитетна апликација што отвора врати кон најдобрите можности. Научи како да ги најдеш вистинските програми, да подготвиш CV и мотивационо писмо, да ги истакнеш своите постигнувања и вештини и да оставиш професионален впечаток. Со овие десет практични совети, твојата пријава може да стане *winning application* и да те доведе чекор поблиску до кариерата од соништата.
Modul 3 6 video
Заврши школа или факултет и се прашуваш каде да најдеш работа? Во оваа епизода од STAR edu курсот ти претставуваме осум проверени техники што можат да ти помогнат да се вработиш – од бироа и заводи за вработување, онлајн портали и агенции за сезонски работи, па сè до саеми за кариера, бизнис мрежи, директен контакт со фирми, фриленсинг и започнување сопствен бизнис. Со практични примери и корисни линкови, ќе видиш каде и како можеш да започнеш со пребарувањето работа и да си отвориш нови врати на пазарот на труд.
Modul 4 4 video
📄 CV и мотивационо писмо се твојата влезница на пазарот на труд! Во оваа епизода од STAR Study курсот научи како да ги истакнеш своите вештини, да ги избегнеш најчестите грешки и да напишеш мотивационо писмо што работодавачите навистина сакаат да го прочитаат.
Modul 4 4 video
Првиот впечаток е најважен! Во оваа епизода од STAR Study курсот дознај како да се подготвиш за интервју, да одговориш на најчестите прашања и да покажеш самодоверба. Донесуваме практични совети што ќе ти помогнат да оставиш силен впечаток и да ги зголемиш шансите да добиеш работа.
Modul 4 4 video
Во оваа епизода од Star Study курсот откриваме правилата на играта на работа – совети за сите што штотуку започнуваат! Дознај како да оставиш одличен впечаток, да ги избегнеш почетничките грешки и да тргнеш кон успешна кариера. 💡 Совети што веднаш можеш да ги примениш: * Професионална комуникација * Организација и приоритети * Како да се однесуваш и што да избегнуваш Не ја пропуштај овој водич за твојата прва работа!
Modul 4 4 video