STARmentor

title

Имајќи предвид дека наставниците се меѓу топ 3 најважни извори на информирање на младите за нивниот кариерен пат, посебен фокус на STAR платформата е поддршката на педагозите, психолозите и наставниците. Дополнително, тие можат да имаат важна улога и во информирањето на родителите, кои имаат најголемо влијание врз младите кога станува збор за професионалната ориентација.

Во 2026 година STAR платформата воспостави мултидисциплинарна група од шест експерти кои ќе развијат посебна програма за обука STARmentor. Програмата има за цел да понуди методологија и поддршка за педагозите, психолозите и наставниците за квалитетно информирање и кариерно насочување на учениците и студентите, како и на родителите. Во рамките на STARmentor ќе се креира и директна соработка помеѓу образовните институции и одредени бизнис мрежи и компании. Промоцијата на STARmentor програмата ќе биде на крајот на учебната 2025/2026 година и ќе биде достапна online на star.study.