A1 Македонија отвори пракса за OneSAP Intern во Competence Delivery Center

Пракса
A1 Македонија отвори пракса за OneSAP Intern во Competence Delivery Center

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, којшто работи во седум држави и обезбедува услуги за околу 24 милиони корисници. Повеќе од 1.100 вработени, под брендот А1, се грижат за обезбедување на најдоброто корисничко искуство за над 1.200.000 корисници.

Доколку студираш информатичка технологија, бизнис информатика, телекомуникации или сродна област и сакаш да стекнеш практично искуство во SAP технологии, A1 Македонија објави оглас за OneSAP Intern во рамките на Competence Delivery Center.

Оваа пракса е наменета за мотивирани студенти кои сакаат да работат во меѓународна средина, да учествуваат во реални проекти и да ги развиваат своите технички и аналитички вештини.

Што ќе работиш?

Во текот на праксата ќе имаш можност да:

  • се запознаеш со SAP модулите и деловните процеси;
  • учествуваш во SAP/OneSAP проекти од голем обем;
  • анализираш постојни процеси и системи;
  • поддржуваш тестирање, документација и координација на проектни активности;
  • работиш на подготовка на деловни барања и корисничка документација;
  • стекнеш основни познавања за системски интеграции и SAP развој.

Кого бараат?

Позицијата е наменета за студенти кои:

  • студираат информатичка технологија, бизнис информатика, телекомуникации или сродни насоки;
  • имаат одлично познавање на англиски јазик;
  • се проактивни, мотивирани за учење и способни за самостојна работа;
  • имаат интерес за SAP и ИТ системи;
  • познаваат Microsoft Office алатки (Excel, PowerPoint, Teams и др.).

Познавањето на српски, бугарски или германски јазик ќе се смета за предност.

Што нуди A1?

Компанијата нуди:

  • приватно здравствено осигурување;
  • флексибилен начин на работа (A1 Flexi);
  • програми за професионален развој;
  • модерни канцелариски простории;
  • корпоративни попусти;
  • службен мобилен телефон и за приватна употреба;
  • спортски и тимски активности;
  • можност за работа во динамична и меѓународна средина.

📩 Доколку сакаш да ја започнеш својата кариера во SAP и да стекнеш искуство во една од водечките телекомуникациски компании, аплицирај преку официјалниот оглас на A1 Македонија.

Целиот оглас е тука

Подели членак: