Административен службеник
Се бара Административен службеник за работа во канцеларија, со одговорности поврзани со административна и организациска поддршка на нотарот и правниот тим.
Работни задачи:
- Прием и евидентирање на предмети;
- Внесување и ажурирање на податоци во електронскиот систем;
- Подготовка, печатење и средување на документација;
- Архивирање и организирање на предмети и документи;
- Копирање, скенирање и доставување на документи;
- Обезбедување административна поддршка на нотарот и правниот тим;
- Извршување и на други административни задачи поврзани со работата во канцеларијата.
Потребни квалификации и вештини:
- Одлично познавање на MS Office;
- Развиени комуникациски и организациски вештини;
- Одговорност, прецизност и посветеност во работата;
- Способност за тимска работа;
- Мотивираност за работа во динамична канцелариска средина.
Работно време:
Понеделник – петок, од 08:30 до 16:30 часот.
Доколку сте организирана, одговорна и комуникативна личност и сакате да бидете дел од професионален тим, ве охрабруваме да се пријавите.