Алкалоид: летно практикантство за студенти од високообразовни институции

Пракса
Алкалоид: летно практикантство за студенти од високообразовни институции

Рок на пријавување 24.2.2026 - 21.3.2026

Програмата вклучува:

  • до три месеци практикантска работа
  • учество во секојдневните работни активности
  • учење од врвни професионалци
  • обуки за меки вештини
  • можност за идно вработување
Вие сте идеален кандидат доколку сте:
  • проактивни, самоиницијативни и љубопитни;
  • ентузијасти што се стремат кон постигнување тимски резултати и одлично ги владеете англискиот јазик и пакетот MS Office.
Услови за аплицирање:
  • Фармацевтски факултет при УКИМ - магистри по фармација во тек на 8. или 10. семестар и лабораториски биоинженер во тек на 6. семестар
  • ПМФ при УКИМ - Институт за хемија – Применета хемија & Применета хемија – аналитичка биохемија, во тек на 6. или 8. семестар, и Институт за биологија - Биохемија и физиологија & Молекуларна биологија, во тек на 6. или 8. семестар
  • ТМФ при УКИМ - Неорганско инженерство и заштита на животната средина, Полимерни материјали, Прехранбена технологија и биотехнологија, Дизајн и менаџмент на технолошки процеси, Инженерство на материјали и нанотехнологии, во тек на 6. или 8. семестар
  • ФЕИТ при УКИМ - КСИАР, во тек на 6. или 8. семестар
  • Машински факултет при УКИМ - Автоматизација и управувачки системи, Мехатроника, Производно инженерство, во тек на 6. или 8. семестар
  • Економски факултет при УКИМ
  • Факултет за медицински науки при УГД - Фармација во тек на 8. или 10. Семестар

Целиот оглас види го тука

Подели членак: