Асистент за меѓународна продажба
Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 36-години Микросам има инсталирано над 370 производни линии во повеќе од 45 земји во светот, меѓу кои Германија, САД, Јапонија, Кина, Индија и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити. Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com Микросам ДОО, светски бренд за производство на современи, компјутерски управувани машини за производство на композитни материјали, има потреба од нов стручен кадар: Асистент за меѓународна продажба
Основни одговорности и задачи:
- Работа со CRM (Customer Relationship Management)
- Изработка на редовни и периодични извештаи за продажни резултати
- Комуникација со меѓународни клиенти, глобални претставници и партнери
- Консултација со инженерски тим при изработка на понуди
- Следење на проекти до нивна комплетна реализација
- Присуство на годишни саеми, настани и конференции
- Посета на купувачи и добавувачи
- Комплетна поддршка на Продажниот Тим
- Сугестии за подобрувања, и други продажни активности
Квалификации и компетенции:
- ВСС од било која дисциплина, предност ќе имаат канидидати од техничките факултети
- Техничка ориентација
- Одлична и убедлива комуникација на телефон, директно и писмено
- Слушање и разбирање на потребите од сите учесници
- Одлично познавање на англиски јазик, особено пишување
- Желба за успех, континуирано учење и лично подобрување
- Самоиницијативност и способност за самостојна работа
- Тимска работа и искуство со софтверски алатки
Што нудиме?
- Одлични услови за работа во креативна средина
- Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија
- Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект
- Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет
- Организиран превоз и храна
Отворената позиција е за во нашите канцеларии во Прилеп.
Рокот за пријавување е до 11.09.2026