ESC волонтерска можност во Еквадор

ESC волонтерска можност во Еквадор

Сакаш да стекнеш меѓународно волонтерско искуство, да работиш со деца и млади и да придонесеш во локалната заедница? Проектот „CRECER – Supporting Tránsito Amaguaña School and communities in Quito“ нуди можност за волонтерско искуство во Кито, Еквадор. Проектот се реализира од United Societies of Balkans во соработка со Fundación VASE, а волонтерите ќе бидат вклучени во активности во училиштето Tránsito Amaguaña, лоцирано во областа Mercado Mayorista во Кито.

📚 Што ќе прават волонтерите?

Волонтерите ќе работат со деца, наставници, млади и членови на локалната заедница. Главните активности вклучуваат:

  • поддршка во училницата и помош на наставниците за време на часовите;
  • туторство и дополнителна поддршка во учењето;
  • помош при читање, пишување и основна математика;
  • подготовка на едноставни едукативни материјали;
  • работа со мали групи или индивидуално со деца;
  • учество во SkillBoost работилници на теми како мир, дигитална писменост, иновации и високо образование;
  • поддршка во организација и реализација на Youth Circles – групни средби со млади за емоционална благосостојба, идентитет и заеднички предизвици;
  • поттикнување на отворена комуникација и создавање безбеден и инклузивен простор за младите;
  • учество во активности со родители, наставници и други членови на локалната заедница.

Активностите главно ќе се реализираат преку неформални и интерактивни методи, со фокус на креативност, изразување и учење.

🏠 Сместување и транспорт

Волонтерите ќе бидат сместени во еден од двата волонтерски апартмани во La Mena, во јужниот дел на Кито.

Секој апартман располага со:

  • три пространи и опремени соби;
  • целосно опремена кујна;
  • бања;
  • дневна соба;
  • заедничка кровна тераса со поглед кон јужниот дел на градот.

До местото на активностите – Mercado Mayorista – може да се стигне со автобус за околу 20–30 минути. Метро станицата Solanda е на околу 30 минути пешачење, а метро-системот овозможува поврзување на јужниот и северниот дел од градот.

🎓 Обука и поддршка

Пред и за време на волонтерското искуство ќе биде обезбедена поддршка и обука, вклучувајќи:

  • воведни сесии за проектот CRECER, неговите цели и очекувања;
  • информации за безбедноста во Еквадор;
  • интеркултурна подготовка;
  • практична подготовка за престојот и секојдневното функционирање;
  • обука поврзана со конкретните задачи на волонтерите;
  • 30 часа часови по шпански јазик со приватен наставник, целосно покриени од проектот и Fundación VASE;
  • подготовка пред заминување.

👤 Кој може да се пријави?

Можноста е наменета за лица на возраст од 18 до 35 години кои се мотивирани да придонесат во активностите на проектот.

Особено се охрабруваат да се пријават кандидати кои имаат:

  • интерес или претходно искуство во работа со деца и млади;
  • интерес за неформално образование и креативни методи на работа;
  • интерес за работа со маргинализирани и ранливи заедници;
  • мотивација за придонес кон локалниот развој;
  • добри познавања на англиски јазик за основна комуникација;
  • желба да учат или да го подобрат шпанскиот јазик.

Познавањето шпански јазик не е задолжително, бидејќи во рамки на проектот се обезбедуваат часови по шпански. Сепак, од кандидатите се очекува мотивација да достигнат барем основно ниво, кое ќе им помогне во секојдневната комуникација со децата и локалното население.

🌎 Зошто да се приклучиш?

Проектот CRECER ти овозможува да живееш и волонтираш во Кито, да стекнеш практично искуство во образовна и младинска работа, да запознаеш нова култура и да развиеш вештини во комуникација, фасилитација и неформално образование.

Воедно, преку директната работа со деца, млади, наставници, родители и локалната заедница, ќе имаш можност активно да придонесеш кон создавање подобри услови за учење и развој.

📍 Локација: Quito, Еквадор
🏫 Место на активности: Tránsito Amaguaña School / Mercado Mayorista
👥 Возраст: 18–35 години
🤝 Програма: European Solidarity Corps
🏢 Организации: United Societies of Balkans & Fundación VASE

Важно: Кандидатите треба да ја имаат завршено подготвителната обука за хуманитарна помош организирана од EACEA и да ги исполнуваат условите за учество согласно правилата на програмата. Важно е да се земе предвид и правилото за максимално 12 месеци учество во Европскиот корпус на солидарност (ESC).

👉 Повеќе информации и пријавување тука

Подели членак: