Гласање за Наградата за младинско учество 2026

Гласање за Наградата за младинско учество 2026

Со големо задоволство објавуваме дека започна јавното онлајн гласање за Наградата за младинско учество, која Министерството за социјална политика, демографија и млади и Националниот младински совет на Македонија ја доделуваат во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Овогодинешните номинирани се млади, неформални групи и младински организации кои преку своите иницијативи придонесуваат за позитивни промени во заедниците, ги поттикнуваат младите на активно учество и се пример за граѓански ангажман.
Поддржете ги номинираните во трите категории:
• Индивидуална категорија (млади на возраст од 15 до 29 години);
• Неформални групи на млади;
• Младински организации, организации за млади и чадор организации.
На следниот линк можете да прочитате повеќе за сите номинирани иницијативи и да ја дадете вашата поддршка: https://s.surveylegend.com/-OxV29y5PzRlJTZTV4H7 .
Дадете го вашиот глас за младите, групите и организациите кои со својот активизам прават разлика во својата заедница.
Подели членак: