HR specialist / IT recruiter
Bransys е компанија која развива современи, AI-поддржани решенија за управување со возни паркови, со паметни ELD системи, GPS следење во реално време, предиктивна аналитика и IoT-базирана видливост и следење на средствата. Работиме во динамична и брзорастечка IT средина и сме во потрага по мотивирана и организирана личност за позицијата HR Specialist / IT Recruiter. Доколку имаш искуство или интерес за регрутација на IT професионалци, одлични комуникациски вештини и способност да препознаеш квалитетен кадар, те покануваме да станеш дел од нашиот тим.
Твоите главни одговорности:
IT регрутација и селекција
- Управување со целиот процес на регрутација и селекција на IT кандидати.
- Активно пребарување и привлекување кандидати преку LinkedIn и други професионални платформи.
- Подготовка и објавување огласи за отворени работни позиции.
- Преглед и селекција на пристигнати CV-ја и апликации.
- Спроведување иницијални интервјуа со кандидатите.
- Координација на технички интервјуа со менаџери и членови на техничките тимови.
- Редовна комуникација и следење на кандидатите во текот на целиот процес на селекција.
- Градење и одржување база на потенцијални кандидати.
- Следење на трендовите и состојбата на IT пазарот на труд.
- Предлагање и имплементација на нови стратегии за привлекување таленти.
HR администрација
- Поддршка во процесот на вработување и onboarding на нови вработени.
- Подготовка и одржување на HR документација.
- Ажурирање на бази на податоци и персонални досиеја.
- Следење на годишни одмори, отсуства и други HR процеси.
- Поддршка во организација на интерни активности и комуникација со вработените.
Финансиска и административна поддршка
- Основна поддршка при организација и обработка на финансиска документација.
- Собирање и организирање на фактури и друга релевантна документација.
- Комуникација и координација со надворешни партнери и сметководство, по потреба.
- Поддршка при подготовка на документација поврзана со плати и други надоместоци.
- Следење и организирање на одредени административни и оперативни трошоци.
Што очекуваме од тебе?
- Претходно искуство во регрутација, особено во IT Recruitment, ќе се смета за значајна предност.
- Познавање и разбирање на различни IT позиции и технологии.
- Искуство со LinkedIn и други платформи за пронаоѓање кандидати.
- Одлични комуникациски и интерперсонални вештини.
- Способност за самостојна работа и управување со повеќе задачи истовремено.
- Проактивен пристап и способност за идентификување квалитетни кандидати.
- Високо ниво на организација, прецизност и внимание на детали.
- Основно познавање на финансиски и сметководствени процеси ќе се смета за предност.
- Добро познавање на Microsoft Office.
- Одлично познавање на англиски јазик, писмено и усно.
Што нудиме?
- Работа во динамична и професионална IT средина.
- Можност за работа со современи технологии, AI, IoT и системи за управување со возни паркови.
- Можност за професионален развој и усовршување.
- Можност за активно учество во развојот и растот на компанијата.
- Работа со професионалци од различни области.
- Пријатна и мотивирачка работна атмосфера.
- Конкурентни услови за работа, во согласност со искуството и квалификациите на кандидатот.