ИТЕН ПОВИК: Media Volunteer
Building an Inclusive Society, vol. 6 Udruga Amazonas – Загреб, ХрватскаПоради откажување на еден доброволец, итнo се бара нов Media Volunteer за тековен ESC проект во Загреб!Проектот „Building an Inclusive Society, vol. 6“ започна во септември 2026 и е хостиран од Udruga Amazonas – организација посветена на поддршка и позитивни промени преку учење, движење, иновативни методи и нови искуства.
Позиција: Media Volunteer
Главните задачи вклучуваат:
- Креирање и управување со TikTok видеа за профилот на Amazonas (2 пати неделно)
- Фотографирање и уредување на фотографии од активностите
- Креирање видеа и reels од настани и проекти
- Извршување на задачи доделени од media supervisor
Кого бараме?
Бараме доброволец кој:
- има вештини за уредување на фотографии и видеа
- знае да работи со камера (Canon, Nikon и сл.)
- добро фотографира и снима видеа
- ги почитува роковите и е одговорен
- е проактивен, динамичен и има нови идеи за социјални медиуми
Практични информации
- Сместување: заеднички стан со други доброволци (максимум 4 лица), соби со најмногу 2 лица
- Џепарлак + храна: 500 € месечно
- Сметките за станот се покриени од проектот
- Патните трошоци се покриваат според земјата на потекло
- Се добиваат билети за јавен превоз во Загреб