Итна можност за волонтирање во Хрватска
Имаш интерес за фотографија, видеопродукција и креирање содржини за социјалните медиуми? Сакаш да стекнеш практично искуство во меѓународна организација и да бидеш дел од активности кои промовираат инклузија и позитивни промени во општеството? Отворен е итен повик за еден волонтер во рамки на проектот „Building an Inclusive Society, vol. 6“, кој се реализира во Загреб, Хрватска, во организација на Udruga Amazonas. Повикот е отворен поради откажување на еден од претходно избраните волонтери.
Што ќе работиш како волонтер?
Бараме волонтер за позицијата Media Volunteer (Волонтер за медиуми), кој ќе биде вклучен во креирањето и уредувањето дигитални содржини за организацијата Amazonas.
Главните задачи ќе вклучуваат:
- Управување и креирање TikTok видеа за профилот на организацијата (двапати неделно);
- Фотографирање и обработка на фотографии од активностите на организацијата;
- Снимање и уредување видеа од настани и проектни активности;
- Креирање Instagram Reels и други содржини за социјалните медиуми;
- Подготовка и реализација на задачи во соработка со лицето задолжено за медиумите.
Кој може да аплицира?
Оваа можност е наменета за млади кои имаат интерес и вештини во областа на дигиталните медиуми, фотографијата и видеопродукцијата.
Потребно е кандидатот да поседува:
- Вештини за обработка и уредување фотографии и видеа;
- Познавање за користење фотоапарат (Canon, Nikon или слична опрема);
- Добри способности за фотографирање и снимање видеа;
- Одговорност и почитување на роковите за извршување на задачите;
- Проактивност, креативност и подготвеност за динамична работа;
- Иницијативност и способност за предлагање нови идеи за содржини на социјалните медиуми.
Што е обезбедено?
Во рамки на проектот, волонтерите ќе ги имаат следните услови:
- Сместување: Заеднички стан со други волонтери, со најмногу четири лица вкупно. Спалните соби се делат со најмногу уште еден волонтер;
- Храна и џепарлак: Месечен надоместок од 500 евра за покривање на трошоците за храна и лични потреби;
- Трошоци за сместување: Целосно покриени, вклучително и режиските трошоци;
- Патни трошоци: Надоместување на трошоците за авионски или автобуски превоз согласно правилата на програмата и земјата од која доаѓа волонтерот;
- Локален превоз: Обезбедени билети за користење на јавниот превоз во Загреб.
Обуки и поддршка
Волонтерот ќе добие поддршка и обуки во текот на проектот, вклучително:
- Подготвителна обука пред заминување, организирана од организацијата испраќач;
- Обука при пристигнување (On-Arrival Training);
- Среднорочна обука (Mid-term Training), организирани од Националната агенција во Хрватска;
- Дополнителни обуки од страна на Amazonas, поврзани со задачите и одговорностите на медиумската позиција.
За проектот
Организацијата Udruga Amazonas работи на поддршка на поединци и заедници и поттикнување позитивни општествени промени преку учење, движење, иновативни методи и нови искуства.
Преку проектот „Building an Inclusive Society“, волонтерите имаат можност да придонесат кон градење поинклузивно општество, истовремено развивајќи ги своите лични и професионални компетенции.
Аплицирај тука