Јавен повик за ангажирање експерт-истражувач

Работа
Јавен повик за ангажирање експерт-истражувач

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ објавува јавен повик на спроведување истражување за вклученоста на родителите/старателите во превенција на насилство врз деца.

Повикот се реализира во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, поддржан од Детската фондација Песталоци, кој се спроведува во партнерство со Коалицијата на младински организации СЕГА, МЦГО и SmartUp.

Целта на истражувањето е да се идентификуваат постојните практики, потреби и предизвици во соработката меѓу родителите и училиштата, како и да се формулираат конкретни препораки за поголемо и посуштинско вклучување на родителите во превенцијата на насилството и создавањето безбедна и поддржувачка училишна средина.

Ангажманот опфаќа 12 експертски дена, со реализација во периодот октомври–ноември 2026 година.

Рок за аплицирање: 15 октомври 2026 година, до 23:59 часот.

Прочитај повеќе тука

Подели членак: