Јавен повик за ангажирање на дизајнер
Коалиција МАРГИНИ објавува јавен повик за ангажирање на дизајнер/ка за подготовка на визуелен дизајн на три (3) извештаи во рамки на проектот WE CARE: United we stand to fight against sexual and gender-based violence.
Дизајнер/ка ќе биде ангажиран/а за:
- Креирање на визуелен концепт и дизајн за три (3) извештаи
- Графичко уредување и распоред (layout) на текстот (околу 10 страници по извештај)
- Обезбедување на унифициран и конзистентен визуелен идентитет за сите три извештаи
- Подготовка на финални верзии за дигитална (PDF) дистрибуција
Ангажманот се очекува да се реализира во период од: 08.04.2026-30.04.2026
Аплицирање до: 09.04.2026
Повеќе информации на следниот линк.