Јавен повик за пријава за учество во програма за практикантска работа

Пракса
Јавен повик за пријава за учество во програма за практикантска работа

Македонско здружение на млади правници (МЗМП), во рамки на проектот “Јакнење на идните правни лидери за владеењето на правото во дигиталната ера” поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје објавува ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМА ЗА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА

Целта на Програмата за практикантска работа (Програмата) е да придонесе кон континуирана едукација и градење на капацитетите на младите правници преку унапредување на нивните практични правни вештини и знаења во областа на човековите права, еднаквоста и дигиталните права.

Здружението ја спроведува Програмата од 2015 година, при што истата успешно ја имаат завршено 693 млади правници.

Преку Програмата, од една страна се овозможува практична работа со цел младите правници да стекнат практични правни вештини и да станат конкурентни на пазарот на трудот, а од друга страна обезбедува сет на обуки кои ќе им помогнат на младите правници да стекнат дополнителни знаења и вештини.  Програмата има за цел да придонесе кон создавање нова генерација правници оспособени за ефективна заштита на човековите права и одговор на современите правни предизвици во дигиталната ера.

Во рамки на Програмата, секој млад правник реализира тримесечна практикантска работа во една институција, проследена со учество во структурирани обуки.

4.Услови за учество, времетраење и надоместок

    Секој кандидат треба да ги исполнува следните услови:

    • Завршени три години правни студии (стекнати 180 кредити);
    • Интерес во областа на заштита на човековите права и дигиталните права;
    • Основно познавање на англиски јазик.

    Од практикантите се бара подготвеност да се обврзат на учество во текот на целокупното траeње на практикантската работа во циклусот од три месеци во период од 13ти април до 13ти јули 2026 година.  

    За практикантите кои ќе бидат селектирани за учество во Програмата е предвиден фиксен месечен надоместок во согласност со Законот за практикантство.

    Бројот на практиканти кој ќе ги опфати Програмата е ограничен.

    5.Градови и институции во кои ќе се спроведува Програмата за практикантска работа

      Градови во кои ќе се спроведува Програмата во периодот април-јули 2026 година се следните: Скопје, Битола, Прилеп, Куманово и Тетово.

      Целиот повик види го тука

      Подели членак: