Консултант за корисничка поддршка на германски јазик во сектор за финансиски услуги (м/ж)

Работа
Консултант за корисничка поддршка на германски јазик во сектор за финансиски услуги (м/ж)

Консултант за корисничка поддршка на германски јазик во сектор за финансиски услуги (м/ж) Дали зборуваш германски на високо ниво и бараш стабилна работа во динамична, брзорастечка средина? Приклучи се на нашиот тим за корисничка поддршка во финансискиот сектор и добиј бонус за добредојде од 400 € бруто износ веднаш на почетокот! Проектот на кој ќе работиш е најголемата платформа за штедење во Европа, со седиште во Германија, која секојдневно ја користат повеќе од 10 милиони корисници во 18 земји. Како што бизнисот се проширува, ќе имаш многу можности да учиш, напредуваш и се развиваш во рамки на тимот.

Што бараме?

  • Одлично познавање на германски јазик (C1 ниво);
  • Подготвеност за учење и работа во тим;
  • Претходно искуство во корисничка поддршка е предност, но не е задолжително;
  • Стабилна интернет конекција и мирна работна средина (за работа од дома);

Каков е животот во Transcom?

Во Transcom сме неуморно посветени. На нашите клиенти и едни на други. Секој ден некој започнува свое патување со Transcom. Искористувајќи го потенцијалот кој го има денес и претворајќи го во вештини корисни за во иднина. Добивајќи признанија за напорната работа, тимскиот дух и поддршката на другите. Поткрепувајќи позитивни, трајни промени во своите тимови и заедници. Такви сме ние во Transcom. Овде се грижиме и навиваме едни за други. Вклучени сте, баш такви какви што сте, уште од првиот ден. А со вистинскиот начин на размислување, нема граници за тоа колку далеку можеме да одиме заедно.

Целосниот повик е на следниот линк

Подели членак: