КПМГ Македонија вработува: Отворена позиција за Assistant Auditor

Работа
КПМГ Македонија вработува: Отворена позиција за Assistant Auditor

Доколку си студент во завршна година или неодамнешен дипломец од областа на финансии, сметководство, ревизија, економија или бизнис, ова е можност да го започнеш својот професионален пат во една од водечките светски компании за ревизија и консалтинг. KPMG Македонија објави оглас за позицијата Assistant Auditor, наменета за млади кои сакаат да стекнат практично искуство, да работат со искусни професионалци и да ги развиваат своите аналитички и комуникациски вештини.

Што нуди компанијата?

  • Практична работа на реални ревизорски проекти;
  • Структурирана обука и менторска поддршка;
  • Можност за професионални сертификации, вклучително и поддршка за ACCA;
  • Хибриден модел на работа и дополнителни денови одмор;
  • Приватно здравствено осигурување, спортска претплата и тимски активности;
  • Конкурентна плата со можности за зголемување и бонуси.

Кој може да аплицира?

Кандидатите треба да бидат:

  • студенти во завршна година или дипломци по ревизија, финансии, сметководство, бизнис или економија;
  • аналитични и мотивирани за учење;
  • со добро познавање на англиски јазик и Microsoft Excel;
  • технички потковани и подготвени за тимска работа.

Во оваа улога ќе учествуваш во ревизорски ангажмани, ќе анализираш финансиски информации, ќе комуницираш со клиенти и ќе стекнеш искуство кое ќе биде одлична основа за понатамошен кариерен развој.

📅 Рок за аплицирање: 20 јули 2026 година

За апликација, испрати CV и мотивациско писмо на [email protected], со наведување на позицијата за која аплицираш.

Преземно од fakulteti.mk

Подели членак: