Line Leader (Hancho) in production Gentherm | Прилеп

Работа
Line Leader (Hancho) in production Gentherm | Прилеп

Gentherm, глобална иновативна компанија и светски лидер во областа на термални технологии, вработува!Бараме Line Leader (Hancho) во производство кој ќе се приклучи на нашиот тим во Прилеп.За позицијатаКако Line Leader (Hancho) ќе бидете одговорни за група на оператори, ќе обезбедувате квалитет во производството, ќе ја следите работата на линијата и ќе обезбедувате ефикасно исполнување на работните задачи според планот, работните инструкции и процедурите.

Главни работни задачи и одговорности

  • Ефикасно исполнување на работните задачи и норми зададени од Супервизор
  • Обезбедување квалитет во производство
  • Во случај на двоумење за евентуални проблеми или попречености – итно известување на надредените кадри (примена на ескалационен модел)
  • Спроведување само-контрола и контрола на групата со која раководи
  • Ефективна соработка со експерти и инженери
  • Почитување на производните насоки, правила и стандардизирано време
  • Одржување на работната средина според 5C принципите
  • Одговорност за група на оператори за извршување на работни задачи и ефикасно користење на работна сила
  • Спроведување обука на операторите и осигурување дека ја следат работата, ги разбираат задачите и го препознаваат дефектот
  • Следење на работата на линијата и секојдневно известување за дневното производство
  • Водење евиденција за присуство и надоместок на плата на членовите на тимот
  • Обезбедување начини за мерење на проблемите на линијата и осигурување дека нема дефектни производи
  • Контрола на квалитет, пополнување на CSL листи, проверка на FG и внесување на податоци во FFR листи
  • Учество во подобрувања на процесот и делегирање одговорности за намалување на трошоци
  • Водење со пример и одржување дневни состаноци за постигнати резултати

Потребни квалификации

  • Работно искуство во автомобилска индустрија (предност)
  • Високо образование се смета за предност
  • Способност за прилагодување на различни работни задачи
  • Лидерски и организациски способности
  • Познавање на принципите на квалитет, безбедност и 5C

Што нудиме

Работа во глобална компанија – лидер во термални технологии, која создава, развива и произведува уреди за греење, ладење и вентилација за клиенти од целиот свет.

Gentherm обезбедува еднакви можности за сите. Сите квалификувани апликанти ќе бидат разгледани без оглед на раса, боја на кожа, религија, пол, возраст, националност, генетика, сексуална и полова ориентација, инвалидност или статус на ветеран.

Рок за пријавување: 30.11.2026
Локација: Прилеп, Република Северна Македонија
Интервју: на македонски јазик

АПЛИЦИРАЈ

Подели членак: