Маркетинг менаџер

Работа
Маркетинг менаџер

АТС АММО Дооел, Самоков, Македонски Брод е компанија за производство на наменска индустрија. Компанијата работи, повеќе од 40 години и стои рамо до рамо со светските компании. Компанија која веќе стана препознатлива на светскиот пазар, по својот кавалите и успехот на работа. Локација Скопје. Поради зголемен обем на работа Компанијата ATS AMMO објавува оглас за вработување на: Маркетинг менаџер (1 извршител)

Опис на работното место:
  • Развивање и имплементација на маркетинг стратегија во согласност со деловните цели на компанијата.
  • Градење и унапредување на корпоративниот бренд и имиџ на ATS AMMO.
  • Планирање и спроведување на маркетинг кампањи за домашниот и меѓународниот пазар.
  • Управување со корпоративната веб-страница, социјалните мрежи и дигиталните маркетинг активности.
  • Подготовка на промотивни материјали, каталози, презентации, видеа и друг маркетинг материјал.
  • Организација и координација на учество на меѓународни саеми, конференции и деловни настани.
  • Поддршка на продажниот тим при подготовка на понуди, презентации и промотивни активности.
  • Следење на пазарните трендови, анализирање на конкуренцијата и предлагање нови маркетинг активности.
  • Координација со надворешни маркетинг агенции, дизајнери и медиуми.
  • Следење и анализа на ефективноста на маркетинг кампањите и подготовка на извештаи.
  • Управување со маркетинг буџетот и оптимизација на трошоците.
  • Грижа за усогласеност на маркетинг активностите со законските прописи и корпоративните политики.
Потребни квалификации:
  • Високо образование од областа на маркетинг, економија, менаџмент, односи со јавност или друга соодветна област.
  • Минимум 3 години работно искуство на иста или слична позиција.
  • Одлично познавање на дигитален маркетинг, SEO, Google Analytics и социјални мрежи.
  • Искуство со подготовка на корпоративни презентации, каталози и промотивни материјали.
  • Познавање на графички алатки (Adobe Photoshop, Illustrator, InDesign, Canva или слични) ќе се смета за предност.
  • Одлично познавање на MS Office (Word, Excel и PowerPoint).
  • Одлично познавање на англиски јазик (говор и писмо). Познавање на дополнителен странски јазик ќе се смета за предност.
  • Одлични комуникациски, организациски и презентациски вештини.
  • Подготвеност за службени патувања и учество на меѓународни саеми и деловни настани.
 
Нудиме:
  • Редовен работен однос со конкурентна плата.
  • Работа во успешна и растечка производствена компанија со меѓународно присуство.
  • Можност за креирање и развој на корпоративниот маркетинг.
  • Учество на меѓународни саеми, конференции и деловни средби.
  • Континуирана обука и професионален развој.
  • Можност за напредување согласно резултатите од работата.

Аплицирај

Подели членак: