Маркетинг специјалист

Работа
Маркетинг специјалист

Микросам ДОО, светски бренд за производство на современи, компјутерски управувани машини за производство на композитни материјали, има потреба од нов стручен кадар: МАРКЕТИНГ СПЕЦИЈАЛИСТ

Основни одговорности и задачи:

  • Планирање и реализација на маркетинг кампањи и активности преку web страна, социјални медиуми, email marketing, PR, платени реклами, настани и саеми
  • Креирање, уредување и објавување на маркетинг содржини за web страна, LinkedIn, Facebook, Instagram
  • Пишување на маркетинг текстови, објави за социјални медиуми, текстови за web страна, newsletters, промотивни материјали, PR текстови и други комуникациски материјали
  • Креирање и адаптирање на визуелни маркетинг материјали: презентации, банери, постери, каталози, брошури, флаери и сл.
  • Организирање и реализација на фото и видео снимања на машините за маркетинг цели
  • Подготовка и реализација на email marketing и Newsletter кампањи
  • Следење на маркетинг буџет, пазар, конкуренција и трендови
  • Оргaнизирање и учество на меѓународни саеми, конференции и други настани, вклучително и подготовка на промотивни материјали и координација со организатори
  • Координација со продажба, HR и други оддели при реализација на заеднички маркетинг активности
  • Извршување на други маркетинг активности согласно потребите и приоритетите на компанијата

Квалификации и компетенции:

  • 1-3 години релевантно искуство со маркетинг, со искуство во планирање и реализација на кампањи
  • Одлични copywriting и content creation вештини
  • Познавање на Canva, Adobe Protoshop и/или Premiere Pro
  • Познавање на Brevo или други емаил маркетинг платформи
  • Пoзнавање на WordPress и основи на SEO
  • Одлични комуникациски и организациски вештини
  • Одлично познавање на англиски јазик, особено во пишана и деловна комуникација
  • Самоиницијативност, креативност и проактивност во предлагање и реализација на нови идеи
  • Способност за самостојно планирање и приоритизирање на повеќе активности и рокови
  • Способност за тимска работа и соработка со различни оддели

Што нудиме?

  • Одлични услови за работа во креативна средина
  • Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија
  • Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект
  • Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет
  • Организиран превоз и храна

Отворената работна позиција е за во Прилеп

АПЛИЦИРАЈ

Подели членак: