Машински инженер
Светски познатиот бренд Грин Машинс - во сопственост на БРАКО од 2019г, произведува возила за одржување хигиена во урбани средини кои се продаваат преку наши сопствени фирми-ќерки отворени во САД, Обединетото Кралство, Холандија и во Германија. Грин Машинс е прва компанија во светот која произведе возило за одржување на хигиена на водороден погон и тоа е показател во кој правец ја гледаме енергетската иднина на светот – кон чисти и незагадувачки технологии.
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР
Работни задачи:
- Работа во SolidWorks и подготовка на 2D/3D техничка документација;
- Изработка и развој на 3D CAD модели на машински склопови и компоненти за Green Machines возила;
- Соработка со производствениот, техничкиот и развојниот тим при реализација на проекти;
- Анализа на технички проблеми и предлагање конструктивни решенија;
Потребни квалификации:
- Високо стручно образование – Машински инженер
- Одлично познавање на технички цртежи
- Работа со CAD софтвер
Потребни квалификации:
- Редовни и сигурни примања
- Топол оброк во фабрички ресторан (избор од повеќе јадења)
- 24/7 осигурување од повреди
- Регрес за годишен одмор (К-15)
- Менторство и поддршка од искусен професионален тим
- Работа во извозно ориентирана и технолошки напредна компанија
- Можност за посета на саеми, обуки, тренинзи и кариерен напредок
Ве молиме испратете професионална биографија со задолжителна назнака за која работна позиција аплицирате преку полето ПРИЈАВИ СЕ или на меил [email protected]., како и на телефонскиот број 043 551 107. Со испраќањето на
Вашата биографија, согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на БРАКО ДОО увоз-извоз и истите да бидат зачувани во дата базата на Друштвото.