Министерство за одбрана вработува 300 војници

Работа
Министерство за одбрана вработува 300 војници

Јавен оглас за прием на 300 професионални војници Институција која огласува: Министерство за одбрана Рок на пријавување: 16/04/2026

 Ј А В Е Н  О Г Л А С

1. За прием на 300 (триста) професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија (во натамошниот текст: Армијата) за работа на определено работно време со договор за вработување во времетраење од 4 (четири) години со можност за негово продолжување повеќе пати, но најмногу до навршување на 45 години возраст по избор согласно закон.

2. Кандидатите за прием на професионални војници на служба во Армијата од точка 1 на овој оглас треба да ги исполнуваат следните услови:

Општи услови:

- да се државјани на Република Северна Македонија;

- да се полнолетни и

- да имаат посебна здравствена и физичка способност.

Посебни услови:

- да имаат завршено средно образование;

- да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници.

3. Работното време е од 08:00 часот до 16:00 часот.

4. Платата изнесува од 30.552 денари па нагоре, со дополнителни над 13.000 денари за надоместокот на трошоци за станбено обезбедување.

Повеќе информации прочитај тука

Подели членак: