Обука за диспечер на товари во САД

Пракса
Обука за диспечер на товари во САД

Единствената комплетна обука за диспечери на товари во САД.

КОМПЛЕТНА ОБУКА ЗА ДИСПЕЧЕРИ ВО ТОВАРНИОТ ТРАНСПОРТ ВО САД

Почеток на обуката: октомври

За само осум недели стекни ги потребните практични знаења и вештини за да го направиш првиот чекор кон кариера како диспечер во американската транспортна индустрија.

Формат на наставата

Обуката можеш да ја следиш:

  • онлајн, преку предавања во живо; или
  • со физичко присуство во нашиот современ тренинг-центар во Скопје.

Предавањата се одржуваат двапати неделно, по два часа, во групи со ограничен број учесници.

Практична настава

Програмата опфаќа интерактивни предавања, практични задачи, симулации и реални сценарија од секојдневната работа на диспечерите.

Во текот на обуката ќе се запознаеш со:

  • организација и следење на транспортот;
  • работа со load boards;
  • комуникација со возачи, брокери и клиенти;
  • планирање рути и управување со товарите;
  • преговарање и договарање цени;
  • документација и стручна терминологија;
  • основи на DOT и FMCSA регулативите.

Сертификат

  • По успешното завршување на обуката добиваш сертификат од Continental Dispatch Academy, кој можеш да го вклучиш во своето CV и на LinkedIn профилот.
  • Кариерна и менторска поддршка

Покрај практичните знаења, добиваш и:

  • насоки и корекции за CV;
  • помош при оптимизација на LinkedIn профилот;
  • подготовка за интервју;
  • насоки за барање работа и аплицирање;
  • менторска поддршка и по завршувањето на обуката.

Не е потребно претходно искуство во транспортната индустрија. Потребни се основно познавање на англискиот јазик, посветеност и желба за учење.

Бројот на места е ограничен.

За аплицирање провери тука

Подели членак: