Оглас за работа: Assistant Project Manager – Agile Pro Solutions (Скопје)

Работа
Оглас за работа: Assistant Project Manager – Agile Pro Solutions (Скопје)

Agile Pro Solutions (APS), компанија со седиште во САД, го проширува својот тим во Скопје. За потребите на свој клиент од градежната индустрија, компанијата вработува Assistant Project Manager, кој ќе обезбедува поддршка во координацијата и реализацијата на градежни проекти преку административна организација, набавка на материјали, следење на документација и комуникација со сите вклучени страни.

Работно време

🕓 Понеделник – Петок | 16:00 – 00:00

📍 Работата се извршува онсајт во Скопје.

Работни задачи

Како Assistant Project Manager ќе бидеш задолжен/а за:

  • координација на проектна документација, распореди и следење на проектните активности;
  • набавка на материјали и опрема, прибирање понуди и следење на испораките;
  • подготовка на нарачки и одржување комуникација со добавувачи;
  • поддршка во следење на буџети, трошоци и проектни измени;
  • организација на состаноци и подготовка на извештаи и записници;
  • следење на проектна документација, технички барања и финални активности;
  • комуникација со проектните тимови, изведувачи и добавувачи;
  • одговарање на телефонски повици и електронска пошта.

Потребни квалификации

Од кандидатите се очекува:

  • искуство во проектна координација, администрација, набавки, градежништво или сродна област;
  • одлични организациски способности и внимание на детали;
  • способност за истовремено управување со повеќе задачи и рокови;
  • добро познавање на Microsoft Office (Excel, Word и Outlook);
  • одлични комуникациски вештини и способност за работа со различни засегнати страни;
  • познавање на градежната индустрија.

Што нуди компанијата?

Вработените добиваат:

  • APS Privilege Card со попусти кај партнерски компании;
  • платена почетна обука;
  • можност за градење меѓународна кариера работејќи за американска компанија од Македонија;
  • континуирана можност за професионален развој и стекнување нови знаења;
  • работа во инклузивна и поддржувачка работна средина.

Напомена: Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат контактирани.

Доколку бараш можност за професионален развој во динамична меѓународна компанија и имаш интерес за проектен менаџмент и градежната индустрија, аплицирај и стани дел од тимот на Agile Pro Solutions.

Аплицирај тука

Подели членак: