Оглас за Специјалист/ка за комуникации

Работа
Оглас за Специјалист/ка за комуникации

мартАП – Лабораторија за социјални иновации Скопје е невладина организација која работи на адресирање и решавање на општествени предизвици во областите на образование, иновации во јавен сектор и климатски промени. Преку својот иновативен пристап и посветеност, тимот на СмартАП секојдневно работи на креирање поубав, поинаков и подобар свет. Составен од амбициозни и мотивирани соработници, тимот е секогаш отворен за нови сонувачи и професионалци кои сакаат да работат во пријатна и предизвикувачка работна средина и кои целат преку своето работење да креираат позитивна промена за својата околина и општество. Согласно потребите на организацијата, СмартАП објавува оглас за проширување на својот тим со: Специјалист/ка за комуникации.

Вашите одговорности ќе вклучуваат:

  • Преглед, анализа и проценка на тековните комуникациски канали на организацијата
  • Подготовка на комуникациска стратегија за организацијата за 2026/27 година, вклучително комуникациски канали, целни групи и метрики за успех
  • Имплементација на стратегијата, управување со комуникациските канали на организацијата и мониторирање на ефективноста на стратегијата
  • Проактивна комуникација на неделно ниво околу напредокот и потребните промени и адаптации на стратегијата
  • Водење на месечни извештаи за објавените активности на социјалните мрежи

Потребни вештини и квалификации:

  • Минимум 5 години искуство во водење на или управување со комуникации на организации
  • Искуство во креирање на комуникациски стратегии и операционализација на истите преку креирање, објавување и управување со содржини на комуникациските канали на организацијата.
  • Способност за поставување и следење на метрики за успех и нивно прилагодување согласно нови сознанија и увиди.
  • Одлични комуникациски вештини и способност за креативно пишување.
  • Познавање и способност за активно користење на англиски јазик во секојдневни комуникации.
  • Предност ќе имаат кандидати со искуство во поддршка на организации од граѓанскиот сектор или организации со дејност фокусирана социјални иновации и слични области.
  • Завршено високо образование од областа на комуникации или маркетинг или сродни области ќе се смета за предност.

Логистички информации поврзани со работниот ангажман:

  • Лицето се очекува да почне со работа од 1 септември 2026 во период од 6 месеци, со можност за продолжување.
  • Ангажманот се склучува преку Договор за вработување.
  • Почетна плата од 60,000 денари нето сума.
  • Неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа, со предвидено дневно водење на записник од завршени задачи.

За да аплицирате на понудената позиција потребно е да испратите:

  • Резиме (CV) на македонски и/или англиски јазик
  • Најмалку три контакти за препорака, од претходни работодоваци, клиенти, надредени, колеги или останати професионални контакти.

на [email protected] со наслов “Апликација за специјалист/ка за комуникации”.

Краен рок за доставување на апликациите е 05.08.2026 година.

Кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју и ќе треба да подготват одговор на кратка, практична задача. Апликациите кои ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се доставени според условите на повикот, нема да бидат земени предвид.

Целиот повик е тука

Подели членак: