Оглас за вработување во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

Работа
Оглас за вработување во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 14/20, 215/21, 99/22 и 208/24) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 221/24), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 143/19, 14/20 и 208/24) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 242/24), Агенцијата за администрација објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 748/2026

за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство за следните работни места
1. УПР0101В04000 Помлад соработник за exim - едношалтерски систем за дозвола за увоз, извоз и транзит на стоки и тарифни квоти, Одделение за exim - едношалтерски систем за дозвола за увоз, извоз и транзит на стоки и тарифни квоти во инспекторатот - Самостојно одделение, Државен инспекторат за земјоделство (1) извршител(и)
Општи услови
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место,
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови
- ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Земјоделски и ветеринарни науки
- со или без работно искуство во струката

Општи работни компетенции
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни и
- финансиско управување

Посебни работни компетенции
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Аплицирајте на линкот

Погледнете го повикот на следниот линк

Подели членак: