Оперативен директор
MY BOX Пријава до: 21. 09. 2026. Локација на работа: Велес Моја Пратка (My Box), нова мрежа на иновативни логистички решенија и сервисни услуги за испраќање и доставување пратки низ цела Македонија, објавува оглас за вработување на позицијата Оперативен директор.
🔹 Потребни квалификации:
- Високо образование;
- Предност имаат кандидати со менаџерско искуство во операции, логистика, транспорт, дистрибуција, курирски услуги или сродна област;
- Одлични организациски и лидерски способности;
- Искуство во управување со поголеми тимови и водење паралелни оперативни процеси;
- Развиени аналитички способности и ориентираност кон резултати;
- Способност за брзо носење одлуки и решавање проблеми;
- Добро познавање на MS Office и работа со оперативни извештаи и показатели;
- Возачка дозвола Б категорија;
- Високо ниво на одговорност, иницијативност и професионалност.
🔹 Работни задачи:
Оперативниот директор ќе биде одговорен за:
- Организирање и координирање на целокупното оперативно работење на компанијата;
- Управување и следење на процесите на прием, сортирање, транспорт и достава на пратки;
- Координација и управување со оперативните тимови, курири и одговорни лица;
- Следење на дневните и месечните оперативни планови и KPI;
- Оптимизација на рути, ресурси, трошоци и работни процеси;
- Следење на квалитетот и навременоста на услугата и преземање корективни мерки;
- Анализа на оперативните резултати и подготовка на извештаи за раководството;
- Развивање и имплементација на процедури и стандарди за поефикасно работење;
- Решавање оперативни предизвици и координација со останатите сектори;
- Учество во планирање на развојот, проширување на капацитетите и воведување нови оперативни решенија;
- Обезбедување усогласеност на работењето со интерните процедури и релевантната законска регулатива.
🎁 Што нуди „Моја Пратка“?
- Пријатна работна атмосфера;
- Работно време од 40 часа неделно;
- Можност за кариерен раст и напредок;
- Платено колективно осигурување;
- Ваучер за сладунчав браг;
- Пакет за новороденче;
- Подарок за роденден;
- Пакет производи за поголемите верски празници;
- Подарок за роденден за деца до 5 години.
АПЛИЦИРАЈ