Оператори - Производство
Компанија: ВИТАЛИА Никола и др. ДОО Локација: Скопје Обезбеден превоз од: Куманово, Велес, Свети Николе и Тетово Рок за аплицирање: 21.11.2026
Придружете се на тимот на Виталиа
ВИТАЛИА Никола ДОО, лидер во производството на здрава храна во регионот, го проширува својот тим и отвора можност за нови вработувања на позицијата Оператор во производство.
Нашата мисија е преку создавање квалитетна и здрава храна да придонесеме за поздрави идни генерации. Денес, производите на Виталиа се присутни во 55 земји ширум светот, а зад тој успех стои посветен тим кој секојдневно работи на создавање врвни производи и задоволни потрошувачи.
Позиција: Оператор во производство
Потребни квалификации:
- Завршено средно образование.
- Одговорност, дисциплина и мотивација за работа.
- Подготвеност за работа во динамична производствена средина.
- Способност за тимска работа и почитување на работните процедури.
Работни задачи и одговорности:
- Работа на производствена линија за изработка на барови и други производи.
- Ракување со производствена опрема (преса, ладилник, печка, пакерка и друга опрема).
- Почитување на работните инструкции и процедури за безбедно работење.
- Следење на стандарди за квалитет и хигиена согласно НАССР системот.
- Обезбедување правилно и професионално користење на машините и опремата.
- Извршување физички активности поврзани со производствениот процес.
- Работа во три смени.
- Грижа за уредноста и чистотата на работната средина.
Што нудиме:
- Платени патни трошоци.
- Организиран превоз за кандидати од Куманово, Велес, Свети Николе и Тетово.
- Редовни и навремени месечни примања.
- Обезбеден топол оброк.
- Регрес за годишен одмор (К-15).
- Работа во стабилна и успешна компанија со меѓународно присуство.
- Можност за професионален развој и долгорочен кариерен напредок.
Еднакви можности за сите
ВИТАЛИА Никола ДОО обезбедува еднакви можности за вработување и ги охрабрува сите квалификувани кандидати да аплицираат, без оглед на пол, возраст, религија, националност или други лични карактеристики.