Отворен повик за ангажирање експерт за анализа, теренска верификација и мапирање

Работа
Отворен повик за ангажирање експерт за анализа, теренска верификација и мапирање

Во рамките на проектот „Jablanica–Karaorman Biological Bridge“, финансиран од ПОНТ (Prespa Ohrid Nature Trust), а имплементиран од Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ од Скопје, се отвора повик за ангажирање на експерт за спроведување на активност за десктоп анализа, теренска верификација, мапирање и изработка на план за реставрација на еколошкиот коридор на планината Јабланица.

Главен предмет и цел на ангажманот

Главната цел на овој ангажман е да се изврши сеопфатна проценка на фрагментацијата на шумите во коридорот Јабланица преку комбинирање на десктоп/сателитски анализи и теренска верификација. Резултатот од оваа активност ќе биде креирање на детални мапи, квантитативна анализа на загубата на шумите и изработка на Финален извештај со конкретни мерки за заштита, реставрација и одржливо управување со коридорот за потребите на дивиот свет (со посебен фокус на крупни месојади).

Опсег на работа и специфични задачи

Ангажираниот експерт ќе биде одговорен за реализација на активностите структуирани во четири главни фази, во блиска координација со проектниот тим на „Еко-свест“:

Фаза 1: Претходна подготовка и десктоп анализа

  • Преглед на постоечки податоци: Анализа на достапните карти за коридорот Јабланица, шумско-стопанските основи, како и претходни студии за биодиверзитет и еколошки коридори во регионот.
  • Анализа на фрагментацијата: Обработка на сателитски снимки за детекција на промени во шумската покривка и континуитетот на заштитниот појас.
  • Идентификација на „жешки точки“: Прелиминарно мапирање на зоните каде што има видливо прекинување на шумскиот континуитет (поради сеча, инфраструктура, пожари или земјоделство) и дефинирање на конкретни локации за теренска проверка.

Фаза 2: Теренска работа и верификација

  • Теренска визуелна проверка: Посета на претходно идентификуваните локации на Јабланица за да се потврди состојбата од сателитските снимки директно на самото место.
  • Прибирање податоци: Мапирање на границите на фрагментираните подрачја, еколошките бариери и критичните точки на прекин.
  • Проценка на шумскиот фонд на терен:
    • Идентификација на типот на шума и доминантните дрвни видови во фрагментираните зони.
    • Проценка на степенот на деградација на шумата.
    • Утврдување на примарните причини за фрагментацијата на секоја микро-локација (нелегална сеча, локални патишта, ерозија итн.).
  • Фото-документирање: Креирање организирана база на фотографии од секоја посетена микро-локација за потребите на финалниот извештај.

Фаза 3: Мапирање и квантитативна анализа

  • Креирање на финални мапи: Изработка на детални топографски/сателитски мапи со висока резолуција кои точно ги прикажуваат локациите на фрагментација.
  • Квантитативна анализа: Пресметка на површината на изгубената или фрагментирана шума и анализа на „изолираноста“ на шумските парцели (со цел да се процени степенот на нарушување на движењето на дивите животни, со акцент на крупните месојади).

Фаза 4: Изработка на препораки и финален извештај

  • План за мерки и реставрација: Предлагање конкретни шумарски и еколошки мерки за секоја микро-локација (предлог за пошумување со автохтони видови, креирање на „зелени мостови“ или коридори, воведување зони на строга заштита).
  • Подготовка на Финален извештај: Изработка на детален стручен извештај кој ги опфаќа методологијата, резултатите од мапирањето, мапите и конкретните препораки за ублажување на фрагментацијата.

Очекувани резултати и временска рамка

Експертот е обврзан да ги испорача следните документи/продукти во рамките на ангажманот:

  1. Почетен извештај: Резултати од Фаза 1 (десктоп анализа, преглед на сателитски снимки и дефинирани локации/план за теренска проверка).
  2. Извештај од теренска работа и дигитални мапи: Синтеза од Фаза 2 и Фаза 3 (бази на податоци, фото-документација, изработени мапи и квантитативна анализа на фрагментацијата).
  3. Финален извештај со План за реставрација: Извештај со интегрирани препораки за заштита, обновување на шумите и насоки за подобрување на функционалноста на коридорот.

Периодот за спроведување на овие активности изнесува најмалку 12 месеци од датумот на потпишување на Договорот, со можност за продолжување во согласност со потребите на проектот.

Временска рамка за доставување на понуда

Периодот за изразување на интерес за учество на повикот е 7 дена од објавување на отворениот повик, најдоцна до [ДД.ММ.2026] година.

Потребни квалификации

Кандидатите треба сумарно да ги исполнуваат следните критериуми:

  • Образование: Завршено високо образование (најмалку VII/1 степен или Мастер/Докторат) во областа на шумарството, биолошките науки, екологијата, заштитата на животната средина или ГИС/просторното планирање.
  • Професионално искуство: Минимум 5 (пет) години работно искуство во заштита на природата, со фокус на анализа на шумски екосистеми, теренски истражувања, анализа на фрагментација или мапирање на еколошки коридори.
  • Специфични вештини: Докажано искуство во работа на терен и изработка на студии/стратешки документи за управување со заштитени подрачја или шуми.
  • Јазици: Одлично познавање на македонски и англиски јазик (пишан и говорен).

Времетраење и буџет

  • Времетраење: Ангажманот е предвиден да трае најмалку 12 месеци од потпишување на договорот со можност за продолжување.
  • Буџет: Максималниот финансиски износ за овој ангажман изнесува до 3.000 ЕУР во бруто-износ (со вклучен персонални данок и сите оперативни/патни трошоци) за целото времетраење на ангажманот. Понудите кои го надминуваат овој износ нема да бидат земени предвид.

Целиот повик види го тука

Подели членак: