Отворен повик за ангажирање експерт за ихтиофауна за истражувања во Вевчанска Локва

Работа
Отворен повик за ангажирање експерт за ихтиофауна за истражувања во Вевчанска Локва

Во рамките на проектот „Jablanica–Karaorman Biological Bridge“, финансиран од ПОНТ (Prespa Ohrid Nature Trust), а имплементиран од Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ од Скопје, се отвора повик за ангажирање на експерт за ихтиофауна за спроведени теренски истражувања, проценка на состојбата и спроведување на мерки за реставрација на Вевчанска Локва.

Главен предмет и цел на ангажманот

Главната цел на овој ангажман е да се изврши сеопфатна проценка на состојбата на ихтиофауната во Вевчанска Локва, да се дефинираат и имплементираат конкретни мерки за нејзина реставрација, со цел подобрување на еколошкиот статус на ова водно станиште.

Опсег на работа и специфични задачи

Ангажираниот експерт ќе биде одговорен за реализација на активностите структуирани во две главни фази, во блиска координација со проектниот тим на „Еко-свест“:

Фаза 1: Идентификација и проценка на состојбата со ихтиофауната

  1. Теренско истражување и квалитативно/квантитативно земање примероци:
    • Спроведување на теренски мониторинг за утврдување на присутните видови риби.
    • Проценка на густината и структурата на популациите на риби.
    • Анализа на клучните закани по еколошкиот статус на стаништето.
  2. Изработка на Проценка на состојбата (Assessment Report) со Предлог-мерки:
    • Подготовка на извештај од Фаза 1 со детали за присутната ихтиофауна.
    • Дефинирање на конкретен и практичен План со предложени мерки за реставрација и подобрување на стаништето.

Фаза 2: Спроведување и супервизија на мерките за реставрација

  1. Имплементација на одобрените мерки за реставрација:
    • Директно учество или стручна супервизија при реализација на мерките на терен за реставрација на Вевчанска Локва (пр. контрола/отстранување на инвазивни видови).
  2. Пост- мониторинг (6 месеци по спроведување на мерките за реставрација:
    • Теренска верификација и контрола по спроведените реставрациски мерки.
  3. Подготовка на Финален извештај:
    • Документирање на сите спроведени мерки, постигнатите резултати, фото-документација и давање насоки/препораки за долгорочно одржливо управување со Вевчанска Локва.

Очекувани резултати

  1. Фаза 1 (Проценка на состојбата): Детална анализа на ихтиофауната со предлог-план за мерки за реставрација на Вевчанска Локва.
  2. Фаза 2 (Финален извештај): Документирани спроведени мерки за реставрација на терен со заклучоци и препораки за идно одржување.

Временска рамка и обем на ангажман

  • Времетраење на договорот: 12 месеци од денот на потпишување на Договорот.
  • Број на денови: Ангажманот предвидува вкупно 10-15 експертски дена распоредени во текот на 12-те месеци, согласно активностите.

Потребни квалификации

Кандидатите треба сумарно да ги исполнуваат следните критериуми:

  • Образование: Завршено високо образование (најмалку VII/1 степен или Мастер/Докторат) во областа на биолошките науки, екологијата, заштитата на животната средина.
  • Професионално искуство: Минимум 5 (пет) години работно искуство во заштита на природата, со фокус на истражување на ихтиофауна, хидробиологија или реставрација на слатководни екосистеми.
  • Специфични вештини: Докажано искуство во теренска работа (земање примероци, идентификација на рибни видови) и планирање/спроведување на мерки за реставрација на водни станишта.
  • Јазици: Одлично познавање на македонски и англиски јазик (пишан и говорен).

Повеќе инфо прочитај тука

Подели членак: