Отворен повик за ESC волонтер во Унгарија – Социјални медиуми и културни активности

Отворен повик за ESC волонтер во Унгарија – Социјални медиуми и културни активности

Доколку имаш искуство со социјални медиуми, сакаш да работиш со млади и те привлекува традиционалната култура, оваа можност е вистинска за тебе! Организација од Унгарија бара еден долгорочен волонтер во рамки на European Solidarity Corps (ESC) за период до 10 месеци, со почеток во септември/октомври 2026 година.

Што ќе работиш?

Волонтерот ќе биде дел од фолклорен ансамбл и ќе учествува во секојдневните активности на организацијата, со фокус на:

  • управување и креирање содржини за социјалните медиуми;
  • учество во секојдневните активности со фолклорните танчери;
  • организирање креативни и едукативни активности за деца (музика, пеење, игри, ракотворби, едукативни приказни и сл.);
  • помош при организација на настапи, фестивали и други културни настани;
  • подготовка на материјали, изработка на костими и поддршка при изведби;
  • учество во рекреативни и тимски активности.

Работното време е од 30 до 38 часа неделно, а викендите често се исполнети со настани и настапи.

Што е обезбедено?

Организацијата обезбедува:

  • сместување во изнајмен стан (самостојна или делена соба со волонтер од ист пол);
  • 50.000 HUF месечно за храна;
  • покриени трошоци за еден повратен меѓународен пат;
  • 7 евра дневно џепарлак;
  • учество на ESC обуки организирани од Националната агенција на Унгарија;
  • работна поддршка и менторство;
  • бесплатен онлајн курс по унгарски јазик.

Кој може да аплицира?

Се бара мотивиран кандидат кој:

  • легално престојува во некоја од земјите што учествуваат во ESC програмата;
  • има добро познавање на англиски јазик (минимум B2/C1);
  • има искуство и вештини за управување со социјални медиуми;
  • лесно комуницира и работи во мултикултурна средина.

Предност ќе имаат кандидати кои:

  • се заинтересирани за култура и традиција;
  • имаат искуство со ракотворби, сликање, декорација или други креативни активности;
  • свират инструмент или танцуваат;
  • имаат искуство во организација на настани;
  • имаат позадина во фотографија, видеографија, филмска продукција или визуелни уметности.

Како да аплицираш?

Во мотивациското писмо задолжително вклучи линк до твоето онлајн портфолио со проекти поврзани со социјални медиуми (SMM portfolio), бидејќи тоа е еден од главните критериуми при изборот на кандидатот.

Целиот повик тука

Подели членак: