Отворен повик за ESC волонтирање во Полска – Работа со деца и лица со попреченост

Отворен повик за ESC волонтирање во Полска – Работа со деца и лица со попреченост

Доколку сакаш да стекнеш меѓународно волонтерско искуство, да работиш со деца или лица со попреченост и да придонесеш во локалната заедница, оваа можност е за тебе! Организација од Полска бара волонтери за 9-месечен проект во рамките на European Solidarity Corps (ESC), кој ќе се реализира во малото гратче Милич, во регионот Долна Шлезија, во близина на Вроцлав.

Што ќе работиш?

Во зависност од организацијата-домаќин, волонтерите ќе бидат вклучени во:

  • поддршка на наставните активности во основни училишта;
  • работа со деца и млади преку методи на неформално образование;
  • организирање креативни, едукативни и рекреативни активности;
  • работа со лица и деца со попреченост;
  • промоција на сопствената култура, традиција и идеи преку интеркултурни активности;
  • учество во секојдневните активности на организацијата и локалната заедница.

Проектот нуди простор волонтерите да ги реализираат сопствените идеи, иницијативи и таленти, додека стекнуваат практично искуство и нови вештини.

Што е обезбедено?

Организацијата обезбедува:

  • сместување во ESC стан со заедничка кујна и купатило (соба се дели со уште едно лице);
  • џепарлак од 6 евра дневно;
  • дополнителен месечен буџет за храна (вкупно околу 250 евра месечно);
  • велосипед за користење во текот на целиот проект;
  • бесплатен пристап до фитнес центар и базен;
  • можност за користење на локални културни и спортски содржини;
  • лесен пристап до градот Вроцлав (околу еден час со воз).

Обуки

Во текот на проектот волонтерите ќе учествуваат на две задолжителни ESC обуки организирани од Полската национална агенција:

  • On-arrival Training – воведна обука (вообичаено во Варшава);
  • Mid-term Evaluation – среднорочна евалуација (вообичаено во Торун).

Кој може да аплицира?

Се бара кандидат кој:

  • има помеѓу 18 и 30 години;
  • има добро познавање на англиски јазик;
  • е мотивиран, одговорен и проактивен;
  • сака да работи со деца, млади и лица со попреченост;
  • е отворен за интеркултурно учење и тимска работа;
  • има позитивен став, чувство за хумор и желба за учење.

Зошто да аплицираш?

Со учество во проектот ќе имаш можност:

  • да стекнеш практично искуство во образовниот сектор;
  • да развиеш вештини за работа со деца и лица со попреченост;
  • да запознаеш луѓе од различни земји и култури;
  • да го подобриш англискиот јазик и да стекнеш нови компетенции;
  • да бидеш дел од меѓународната ESC заедница.

Доколку сакаш да живееш девет месеци во Полска, да придонесеш во локалната заедница и да стекнеш незаборавно меѓународно искуство, не ја пропуштај оваа можност!

Целиот повик тука

Подели членак: