Отворен повик за изработка на лого за Младински Центар Карпош

Работа
Отворен повик за изработка на лого за Младински Центар Карпош

ТВОЈА ИДЕЈА. НАШЕ ЛОГО. Младински Центар Карпош го создава својот визуелен идентитет и сакаме младите да бидат дел од неговото создавање! Го отвораме конкурсот за изработка на првото официјално лого на Младински Центар Карпош.

Ако имаш од 15 до 29 години и идеја за лого што ќе ги претстави младите, креативноста, храброста, заедништвото и желбата за создавање промени, испрати ни го твојот предлог.

Избраното решение ќе стане официјално лого на Центарот, а авторот или авторката ќе добие и парична награда.

Конкурсот е отворен до 18 септември 2026 година.

Сите услови за учество и формата за пријавување се достапни во документите.

Целиот повик тука

Подели членак: