Отворен повик за волонтер во Боливија – Комуникации и активности за заштита на животната средина
Доколку те интересираат комуникациите, социјалните медиуми и заштитата на животната средина, ова е одлична можност да стекнеш меѓународно волонтерско искуство преку програмата EU Humanitarian Aid Volunteering. Волонтерот ќе биде дел од проектот на ASPEm, во соработка со организациите Asociación ARMONÍA и Agua Sustentable, кои работат на зачувување на биодиверзитетот, обновување на екосистемите и одржливо управување со водните ресурси во Боливија.
Што ќе работиш?
Како волонтер ќе бидеш вклучен/а во:
- управување со комуникациски активности и креирање содржини за социјалните медиуми;
- поддршка при организација на обуки и работилници за локалните заедници;
- подготовка на прирачници и информативни материјали;
- учество во активности за пошумување за време на сезоната на дождови;
- подготовка на извештаи и собирање материјали и резултати од проектните активности;
- промоција на проектот и учество на локални и заеднички настани.
Активностите ќе се реализираат во регионите Тикипаија и Киљаколо, со работен ангажман од 30 до 40 часа неделно.
Што е обезбедено?
Организацијата обезбедува:
- сместување во заедничка куќа во Кочабамба, при што секој волонтер има сопствена соба;
- покриени трошоци за вода, струја, гас и интернет;
- лесен пристап до јавен превоз до местата каде што се реализираат активностите;
- подготвителна обука во Италија или Шпанија пред заминувањето;
- континуирани обуки и средби со други волонтери за размена на искуства;
- можност за развој на вештини во областа на комуникациите, креирање дигитални содржини, тимска работа и заштита на животната средина;
- Youthpass сертификат по успешно завршување на волонтерската активност.
Кој може да аплицира?
Се бара кандидат кој:
- има интерес за заштита на животната средина и климатските промени;
- има искуство или интерес за управување со социјални медиуми (Facebook, Instagram, TikTok);
- е креативен, проактивен и подготвен да создава комуникациски содржини;
- има добри комуникациски и тимски вештини;
- покажува емпатија, одговорност и почит кон различни култури;
- познавањето на шпански јазик се смета за предност.
Услови за учество
Кандидатите треба:
- да имаат помеѓу 18 и 35 години;
- да живеат во една од земјите што учествуваат во програмата (земји членки на ЕУ, Северна Македонија, Исланд, Лихтенштајн или Турција);
- да ја имаат завршено задолжителната Humanitarian Aid Volunteering обука;
- претходно да немаат учествувано во индивидуално EU Humanitarian Aid Volunteering;
- вкупното времетраење на сите претходни и ова волонтирање во рамките на програмите на ЕУ да не надминува 12 месеци.
Доколку сакаш да ги искористиш своите комуникациски вештини за поддршка на еколошки иницијативи, да придонесеш за заштита на природата и да стекнеш меѓународно искуство во Боливија, аплицирај и стани дел од оваа волонтерска мисија!
Целиот повик тука