Отворен повик за волонтер во Боливија – Поддршка на рурални жени и одржливо земјоделство

Отворен повик за волонтер во Боливија – Поддршка на рурални жени и одржливо земјоделство

Доколку сакаш да придонесеш за економското зајакнување на жените, одржливото земјоделство и безбедноста на храната, ова е одлична можност да стекнеш меѓународно волонтерско искуство преку програмата EU Humanitarian Aid Volunteering. Волонтерот ќе биде дел од проектот на организациите ASPEm и Yachay Chhalaku во Боливија, насочен кон поддршка на рурални жени кои преживеале насилство, преку развој на одржливи и агроеколошки производствени практики.

Што ќе работиш?

Како волонтер ќе бидеш вклучен/а во:

  • поддршка на рурални жени во развојот на семејни агроеколошки парцели и домашни градини;
  • промовирање на одржливо земјоделско производство за сопствени потреби и локалните пазари;
  • учество во обуки за агроеколошки практики и безбедност на храната;
  • подготовка на прирачници, едукативни материјали и комуникациски содржини;
  • поддршка во промоција на локални иницијативи преку дигитални платформи и социјални медиуми;
  • подготовка на документација, извештаи и материјали за комуникација.

Активностите ќе се реализираат претежно на терен, во урбани и рурални средини, комбинирани со канцелариска работа.

Што е обезбедено?

Организацијата обезбедува:

  • сместување во заедничка куќа во Кочабамба, при што секој волонтер има сопствена соба;
  • покриени трошоци за вода, струја, гас и интернет;
  • лесен пристап до јавен превоз до местата каде што се реализираат активностите;
  • подготвителна обука во Италија пред заминувањето;
  • практична обука во Боливија за родова еднаквост, економско зајакнување на жените, агроекологија и безбедност на храната;
  • онлајн средби со други волонтери за размена на искуства и добри практики;
  • Youthpass сертификат по успешно завршување на волонтерската активност.

Кој може да аплицира?

Се бара кандидат кој:

  • има интерес за родова еднаквост и економско зајакнување на жените;
  • е мотивиран, емпатичен и подготвен за работа со локални рурални заедници;
  • покажува почит кон различни култури и сака да учи преку практично искуство;
  • има интерес или познавања од областа на агроекологијата, безбедноста на храната и одржливото земјоделство;
  • има добри комуникациски и тимски вештини и проактивен пристап кон работата.

Услови за учество

Кандидатите треба:

  • да имаат помеѓу 18 и 35 години;
  • да живеат во една од земјите што учествуваат во програмата (земји членки на ЕУ, Северна Македонија, Исланд, Лихтенштајн или Турција);
  • да ја имаат завршено задолжителната Humanitarian Aid Volunteering обука;
  • претходно да немаат учествувано во индивидуално EU Humanitarian Aid Volunteering;
  • вкупното времетраење на сите претходни и ова волонтирање во рамките на програмите на ЕУ да не надминува 12 месеци.

Доколку сакаш да придонесеш за подобар живот на руралните заедници, да ги поддржиш жените во нивното економско зајакнување и да стекнеш драгоцено меѓународно искуство во Боливија, не ја пропуштај оваа можност!

Целиот повик тука

Подели членак: