Отворен повик за волонтер во Боливија – Поддржи активности за пошумување и заштита

Отворен повик за волонтер во Боливија – Поддржи активности за пошумување и заштита

Доколку си заинтересиран/а за заштита на природата, биодиверзитетот и работа со локални заедници, ова е одлична можност да стекнеш меѓународно волонтерско искуство преку програмата EU Humanitarian Aid Volunteering. Волонтерот ќе биде дел од проектот на организациите ASPEm и Armonía во Боливија, каде ќе придонесува кон активности за пошумување, зачувување на природните ресурси и еколошка едукација.

Што ќе работиш?

Како волонтер ќе бидеш вклучен/а во:

  • активности за пошумување и обновување на шумските површини;
  • производство на садници во локални расадници, во соработка со жени од заедницата;
  • следење на развојот на засадените дрвја, состојбата на почвата и животната средина;
  • мониторинг на растенијата, контрола на штетници и поддршка при наводнување;
  • логистичка поддршка за работилници за превенција и справување со шумски пожари;
  • едукативни посети и активности со ученици од локалните училишта, со цел подигнување на свеста за значењето на високите Андски шуми, заштитата на водните ресурси и биодиверзитетот.

Поголемиот дел од теренските активности се одвиваат наутро и на отворено.

Што е обезбедено?

Организацијата обезбедува:

  • сместување во заедничка куќа во Кочабамба, при што секој волонтер има сопствена соба;
  • покриени основни трошоци (вода, струја, гас и интернет);
  • лесен пристап до јавен превоз до местото каде што се реализираат активностите;
  • подготвителна обука во Италија пред заминувањето;
  • практична обука во Боливија за еколошка реставрација, пошумување и мониторинг на животната средина;
  • онлајн средби со други волонтери за размена на искуства и учење;
  • Youthpass сертификат по завршувањето на волонтерската активност.

Кој може да аплицира?

Се бара кандидат кој:

  • има интерес за заштита на животната средина, пошумување и зачувување на биодиверзитетот;
  • е мотивиран, одговорен и подготвен за работа во рурални средини;
  • покажува почит кон различни култури и е подготвен за тимска работа;
  • има интерес или образование од областа на биологија, агрономија, шумарство или сродни науки (се смета за предност);
  • поседува добри комуникациски и организациски вештини.

Услови за учество

Кандидатите треба:

  • да имаат помеѓу 18 и 35 години;
  • да живеат во една од земјите што учествуваат во програмата (земји членки на ЕУ, Северна Македонија, Исланд, Лихтенштајн или Турција);
  • да ја имаат завршено задолжителната Humanitarian Aid Volunteering обука;
  • претходно да немаат учествувано во индивидуално EU Humanitarian Aid Volunteering;
  • вкупното времетраење на сите претходни и ова волонтирање во рамките на програмите на ЕУ да не надминува 12 месеци.

Доколку сакаш да придонесеш кон зачувување на природата, да стекнеш нови знаења и да работиш заедно со локалните заедници во Боливија, не ја пропуштај оваа можност!

Целиот повик тука

Подели членак: