Отворен повик за волонтер во Мароко – Работа со деца и млади во заедницата
Доколку сакаш да работиш со деца и млади, те интересираат човекови права, младинско учество и неформално образование, ова е одлична можност да стекнеш меѓународно волонтерско искуство преку програмата EU Humanitarian Aid Volunteering. Волонтерот ќе биде дел од проектот на организациите ASPEm и Isaaf Jerada во Мароко, каде ќе придонесува кон активности за развој на младинското учество, граѓанската ангажираност и поддршка на деца и млади во ранливи ситуации.
Што ќе работиш?
Како волонтер ќе бидеш вклучен/а во:
- организирање креативни и едукативни работилници за деца и млади;
- активности поврзани со уметност, театар, игри, спорт, цртање, кино, дигитални вештини и јазици;
- поддршка на деца со потешкотии во учењето преку дополнителни образовни активности;
- учество во програми во училишта и младински центри;
- спроведување активности на теми како:
- права на децата и младите;
- демократија и граѓанско учество;
- еднаквост и родова рамноправност;
- културна различност и толеранција;
- мир и превенција на насилство.
Волонтерскиот ангажман е 32 часа неделно, без вклучено време за патување.
Што е обезбедено?
Организацијата обезбедува:
- сместување во градот Џерада, Мароко;
- приватна соба за секој волонтер;
- покриени основни трошоци за вода, струја, гас и интернет;
- пристап до локални услуги, продавници и рекреативни можности;
- поддршка од организацијата-домаќин во текот на целиот престој;
- можност за учество во различни обуки и активности за личен и професионален развој;
- Youthpass сертификат за стекнатите компетенции.
Обуки и развој
Во текот на проектот волонтерите ќе учествуваат во:
- подготвителна обука со ASPEm пред заминувањето;
- воведна обука по пристигнувањето во Мароко;
- обуки организирани од Isaaf Jerada;
- онлајн обуки на теми како:
- безбедност во хуманитарни контексти;
- глобална солидарност;
- феминистичка соработка;
- климатска правда.
Волонтерите ќе развиваат вештини за тимска работа, комуникација, адаптација, решавање проблеми, управување со време и стрес, како и самостојност.
Кој може да аплицира?
Се бара кандидат кој:
- има помеѓу 18 и 35 години;
- има интерес за работа со деца и млади, особено во ранливи ситуации;
- е мотивиран да живее и работи во нов културен контекст;
- има развиени комуникациски и тимски вештини;
- е креативен и сака да организира едукативни и креативни активности;
- покажува интерес за човекови права, родова еднаквост и социјални прашања;
- има претходно волонтерско искуство или активност во здруженија (предност);
- е отворен за интеркултурно учење и неформално образование.
Услови за учество
Кандидатите треба:
- да живеат во една од земјите што учествуваат во програмата (земји членки на ЕУ, Северна Македонија, Исланд, Лихтенштајн или Турција);
- да ја имаат завршено задолжителната Humanitarian Aid Volunteering обука;
- претходно да немаат учествувано во индивидуално EU Humanitarian Aid Volunteering;
- вкупното времетраење на сите претходни и ова волонтирање во рамките на програмите на ЕУ да не надминува 12 месеци.
Доколку сакаш да придонесеш за развојот на децата и младите, да работиш во мултикултурна средина и да стекнеш искуство во меѓународна солидарност, ова е можност за тебе!
Целиот повик тука