Отворен повик за волонтери на 17. издание на фестивалот MakeDox

Отворен повик за волонтери на 17. издание на фестивалот MakeDox

Фестивалот за креативен документарен филм MakeDox објавува повик за волонтери кои сакаат да бидат дел од организацијата на неговото 17. издание. Волонтерите се срцето, движечката сила и магијата на фестивалот. Доколку веќе сте биле дел од тимот – ви благодариме за поддршката, а доколку сè уште не сте имале можност да се вклучите, ова е вистинската шанса да го направите тоа.

Што опфаќа волонтирањето?

Волонтерите ќе имаат можност да се вклучат во различни активности поврзани со подготовката и реализацијата на фестивалот, меѓу кои:

  • дистрибуција на фестивалски плакати и промотивни материјали;
  • подготовка и уредување на фестивалските локации;
  • продажба на фестивалски сувенири;
  • поддршка во организацијата на храна и освежување;
  • работа во фестивалскиот бар;
  • асистенција на работилници и мастер-класи;
  • учество во сценографски активности;
  • поддршка на фото-тимот;
  • како и многу други организациски задачи.

Важни датуми

Краен рок за пријавување: 1 август 2026 година

Период на волонтирање: 10 – 30 август 2026 година

Датуми на одржување на фестивалот: 20 – 27 август 2026 година

Како да се пријавите?

Повеќе информации најди тука

Доколку сакате да стекнете нови искуства, да запознаете креативни луѓе, да бидете дел од една од најзначајните културни манифестации во земјата и да го поминете летото во инспиративна атмосфера, придружете му се на волонтерскиот тим на MakeDox.

Започнете го денот во Куршумли ан со старите и новите пријатели и станете дел од приказната на 17. издание на MakeDox.

Подели членак: