Отворен повик за волонтирање во Софија, Бугарија
Доколку сакаш да придонесеш за позелена, поубава и поинклузивна заедница, а истовремено да стекнеш меѓународно волонтерско искуство, оваа можност е вистинска за тебе. Организацијата во Софија, Бугарија, бара мотивирани млади луѓе кои ќе се приклучат на интернационален тим на волонтери и ќе учествуваат во активности насочени кон подобрување на јавниот простор, заштита на животната средина и организирање на локални настани.
Што ќе работиш?
Како волонтер ќе бидеш вклучен/а во различни активности, меѓу кои:
- разубавување на јавните простори преку боење клупи, детски игралишта и декоративни елементи;
- учество во еколошки акции и кампањи за чистење во Софија и околните природни подрачја;
- поддршка при организација на културни, образовни и заеднички настани;
- логистичка помош за работилници и јавни активности;
- промоција на проектот и европските можности за младите преку социјални мрежи;
- фотографирање, снимање видео и подготовка на промотивни содржини;
- учество на локални информативни настани.
Што е обезбедено?
Организацијата обезбедува:
- сместување во голем стан во центарот на Софија (плоштад „Васил Левски“), каде ќе бидат сместени шест волонтери, со одвоени катови за машки и женски учесници;
- дневен додаток за храна од 5 евра;
- дневен џепарлак од 7 евра;
- месечна картичка за јавен превоз во Софија.
Обука и поддршка
На почетокот на проектот, сите волонтери ќе учествуваат на дводневна воведна обука, која ќе им помогне полесно да се запознаат со организацијата, проектните активности и тимот.
Кого бараат?
Повикот е наменет за млади на возраст од 18 до 30 години кои се:
- мотивирани, отворени и проактивни;
- заинтересирани за волонтирање, заштита на животната средина и работа со локалната заедница;
- подготвени за работа на отворено и учество во практични активности;
- заинтересирани за работа во меѓународен тим.
Претходно искуство не е потребно – доволни се желбата за учење, позитивниот став и подготвеноста за соработка. Познавање на основно англиски јазик е препорачливо за полесна комуникација со останатите волонтери.
Со учеството во проектот ќе имаш можност да развиеш вештини за тимска работа, комуникација, лидерство и управување со проекти, да стекнеш интеркултурно искуство и да дадеш свој придонес во создавање на подобра и поодржлива локална заедница.
Целиот повик тука