Отворен повик за волонтирање во Шпанија
Сакаш да стекнеш нови искуства, да запознаеш различни култури и да придонесеш кон создавање поинклузивно општество? Имаш можност да бидеш дел од 10-месечен волонтерски проект во рамки на Европскиот корпус за солидарност (ESC), кој ќе се реализира во Тарега (Tàrrega), Каталонија, Шпанија. Организацијата Associació Alba бара двајца млади волонтери кои ќе се приклучат на нејзиниот тим во јануари 2027 година. Организацијата работи на обезбедување образовна и социјална поддршка за лица со интелектуална попреченост, со цел да ја поттикне нивната самостојност и активно вклучување во локалната заедница. Преку различни услуги и активности, како работна терапија, специјално образование, рекреативни активности, спортски програми и поддржано живеење, Associació Alba создава можности за подобар квалитет на живот и поголема социјална инклузија.
Што ќе работиш како волонтер?
Волонтерите ќе имаат можност да бидат дел од секојдневните активности на организацијата и да соработуваат со стручниот тим и лицата со попреченост. Активностите ќе се реализираат со поддршка и насоки од професионалците на организацијата.
Главните задачи вклучуваат:
- Поддршка во секојдневните активности и програмите на организацијата;
- Соработка со стручниот тим и лицата со интелектуална попреченост;
- Учество во тимски состаноци и активности за подобрување на работата;
- Придонес кон целите на проектот преку одговорно и активно учество;
- Можност за осмислување и развивање сопствена иницијатива во согласност со личните интереси и вештини.
Кој може да аплицира?
Повикот е наменет за млади кои се мотивирани да работат во инклузивна средина и да придонесат кон подобрување на секојдневието на лицата со попреченост.
Организацијата бара волонтери кои се:
- Самостојни, одговорни и организирани;
- Флексибилни и подготвени да се приспособат на различни ситуации и потреби;
- Отворени, мотивирани и енергични;
- Способни да работат самостојно, но и како дел од тим;
- Посветени на волонтерскиот ангажман и почитување на договорените обврски;
- Подготвени за одговорна и почитувачка комуникација со лица со попреченост.
Особено се цени зрел пристап кон предизвиците, вниманието кон деталите и подготвеноста за долгорочен волонтерски ангажман.
Што е обезбедено?
Во рамки на проектот, волонтерите ќе ги имаат следните услови:
- Сместување: Сопствена соба во заеднички стан во центарот на Тарега, кој го делат најмногу шест волонтери;
- Храна: Обезбеден ручек во работните денови и месечен надоместок од 150 евра за останатите оброци;
- Џепарлак: 180 евра месечно за лични трошоци;
- Патни трошоци: Организацијата го организира и резервира превозот до Тарега при пристигнување и при заминување;
- Обуки: Обука за методологијата на работа насочена кон потребите и личноста на корисникот (Person-Centred Approach);
- Јазична поддршка: Можност за учество во јазични размени за подобрување на познавањето на шпанскиот и каталонскиот јазик;
- Официјални ESC обуки: Обука при пристигнување (On-Arrival Training) и среднорочна евалуација (Mid-term Evaluation).
Времетраење и локација
- Број на волонтери: 2
- Почеток: Јануари 2027 година
- Времетраење: 10 месеци
- Локација: Тарега, Каталонија, Шпанија
- Организација домаќин: Associació Alba
Важно е волонтерите да бидат подготвени да го исполнат договорениот период на волонтирање и обврските од волонтерскиот договор.
Аплицирај тука