Отворен повик за вработување во Тиииит! Инк. | Проектен/на координатор/ка

Работа
Отворен повик за вработување во Тиииит! Инк. | Проектен/на координатор/ка

Здружението за промоција на женската активност Тиииит! Инк. објавува оглас за ангажирање на проектен/на координатор/ка. Тиииит! Инк. е формирано во 2014 година и дејствува во насока на создавање родово еднакво општество во кое феминистичките вредности претставуваат општествена придобивка, а жените и маргинализираните заедници активно учествуваат во креирањето на општествениот, политичкиот и културниот живот. Организацијата работи на спротивставување на патријархалните вредности, пред сè преку културата, создавајќи простор за изразување, делување и критичко промислување на општествениот контекст од страна на жените и маргинализираните заедници. Една од главните активности на здружението е фестивалот за феминистичка култура и акција - ПРВО ПА ЖЕНСКО. Поради проширување на тимот и зголемен обем на активности, организацијата објавува отворен повик за проектен/на координатор/ка.

Опис на работната позиција
Избраниот/ата кандидат/ка ќе биде одговорен/а за:

⭐Идентификување на прикладни донатори во склоп на стратешките и тематските планови на организацијата, и нивно преточување во проектни апликации
⭐Подготовка и пишување проектни апликации: локални, регионални и апликации за европски програми (Creative Europe, Erasmus+, како и други ЕУ и глобални програми од областа на човековите права и културата);
⭐Комуникација со постоечки донатори и мапирање нови можности за финансирање;
⭐Идентификација на алтернативни извори на финансирање и одржливост на организацијата;
⭐Координација и имплементација на проектни активности;
⭐Планирање и следење на тековните активности и проекти;
⭐Координација на соработници и ангажирани лица во рамки на проектите;
⭐Подготовка на наративни извештаи;
⭐Организација и присуство на настани кои ги води организацијата, како и надворешни конференции и прес-конференции;
⭐Комуникација и застапување пред институции и партнери во рамки на проектните активности.

Работен ангажман
⭐Со избраниот/ата кандидат/ка ќе биде склучен договор на определено време во траење од една година.
⭐Работното време изнесува 40 часа неделно (100% работен ангажман), согласно Законот за работни односи.
⭐Работното место е во канцеларијата на Тиииит! Инк. во Скопје, со повремени дозволи за работа од далечина (remote work) .

Потребни квалификации
⭐Се преферира да кандидатот/ката има завршено високо образование од областа на општествените или хуманистичките науки
⭐Најмалку 3 години работно искуство во управување и координација на проекти од областа на човековите права и/или културата, тоест 5 години работно искуство доколку кандидатот/ката нема завршено високо образование;
⭐Искуство во спроведување проекти финансирани од Европската Унија и/или меѓународни и регионални донатори;
⭐Докажано искуство во проектен менаџмент и имплементација на проекти;
⭐Одлично познавање на англиски јазик (усно и писмено);
⭐Напредни компјутерски вештини;
⭐Родово-сензитивен пристап во работата;
⭐Способност за тимска работа и соработка со партнерски организации;
⭐Развиени организациски и комуникациски вештини.

Како предност ќе се смета
⭐Завршени постдипломски студии;
⭐Познавање на Албански јазик
⭐Познавање на досегашната работа на Тиииит! Инк.;
⭐Следење на активностите на ПРВО ПА ЖЕНСКО.

Што нудиме во Тиииит!Инк.?
⭐Мал и посветен тим што нуди флексибилност во работењето
⭐Можност за повремено работење од далечина/дома (remote work)
⭐Средина која нуди можности за раст и развој на вработените
⭐Организација која ги живее феминстичките вредности за кои се залага
⭐Креативна средина и можност за значајно искуство во полето на култура и продукција
⭐Слободни денови во случај на прекувремена работа
⭐Платен одмор кој се зголемува секоја година според законската рамка
⭐Постепено и годишно зголемување на платата на база на инфлација и солиден перформанс
⭐Шанса за креативен и оперативен придонес кон еден од првиот и најдолго опстојуван фестивал за феминистичка култура и акција - ПРВО ПА ЖЕНСКО

Услови и рок за аплицирање
Заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:
⭐кратка биографија (CV) на македонски јазик;
⭐мотивациско писмо.
Во биографијата потребно е да бидат наведени и две референци со контакт податоци од претходни работни ангажмани.
Апликациите треба да се испратат на: [email protected] најдоцна до 12 јули 2026 година со насолов на меилот ‘Апликација за проектен/на координатор/ка_Име на кандидат/ка’.

Постапка за избор
Комисијата ќе ги разгледа сите навремено пристигнати и комплетни апликации. Кандидат(к)ите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани за интервју најдоцна до 15 јули 2026 година.
Работниот ангажман би започнал на средината на август.

Плата
Во зависност од искуството и експертизата на кандидатите/ките, почетната месечна нето плата изнесува 45.000 - 50.000 денари.
За дополнителни информации, кандидат(к)ите можат да се обратат на наведената електронска адреса.

Целиот оглас тука

Подели членак: