Пивара Скопје АД: Практикант во Сектор Луѓе и култура
Пивара Скопје е во потрага по мотивиран и проактивен практикант во Сектор за Луѓе и култура кој ќе обезбеди поддршка во клучните процеси на човечките ресурси. Оваа улога е идеална можност за кандидати кои сакаат да се развиваат во област на човечки ресурси и да стекнат практично искуство во професионална и динамична средина.
Пивара Скопје е неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци. Продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидат 24/7 партнер за пијалаци. Повеќе од 100 години и го поврзуваат нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаат – Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Повеќе од 100 години градиат силни партнерства со нивните купувачи, потрошувачи и заедницата.
РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
- Обезбедување поддршка во HR административни процеси, вклучувајќи подготовка и одржување на документација и евиденции
- Поддршка во процесот на регрутација, што опфаќа преглед на биографии, координација на интервјуа и комуникација со кандидати
- Развој на основни вештини во областа на човечки ресурси и запознавање со интерните HR процеси
- Учество во Employer Branding активности - вклученост во организација на интерни настани и иницијативи за вработените
ШТО БАРААТ?
- Подготвеност за учење, професионален развој и работа во тим
- Добри организациски и комуникациски вештини
- Основно познавање на MS Office алатките
- Развиени аналитички способности и внимание на детали
- Добро познавање на англиски јазик
- Стекнато или тековно високо образование во една од следните области: ХР менаџмент, Психологија, Правни студии, Економија
ШТО НУДАТ?
- Работа во креативна и динамична работна средина во која сите заедно учиме, растеме и создаваме нови успеси
- Флексибилно работно време и хибриден модел на работа кој овозможува работа од дома
- Можности за обуки и развој поддржани од страна на Coca -Cola Hellenic и Heineken
- Платена практикантска работа во времетраење од 6 месеци, со право за користење годишен одмор, и можност за вработување по завршување на практикантската работа
- Лап топ, службен телефон и пакети компаниски производи за државни празници и роденден
Доколку се пронаоѓаш во описот и си подготвен/а за нови предизвици и можности за развој, аплицирај најдоцна до 28.02.2026г.
Види го целиот оглас тука.