Платена пракса во TITAN USJE: Communication & Digital Designer
TITAN USJE отворa можност за платена практикантска позиција – Communication & Digital Designer. Доколку си креативен/на, имаш интерес за комуникации, дигитален дизајн и социјални медиуми и сакаш да стекнеш практично искуство во компанија со меѓународно присуство, оваа можност е за тебе!
📌 Што ќе работиш?
Како практикант/ка ќе бидеш вклучен/а во:
- Креирање содржини за социјални медиуми, веб-страници и други дигитални канали;
- Подготовка на комуникациски и промотивни материјали;
- Поддршка при реализација на интерни и екстерни комуникациски активности;
- Организација на корпоративни настани, работилници, кампањи и промотивни активности;
- Креирање, објавување и следење на содржини на социјалните медиуми;
- Подготовка и ажурирање на презентации и други комуникациски материјали;
- Поддршка на активности поврзани со employer branding и корпоративната репутација.
🎯 Кого бараат?
Кандидатите треба да имаат:
- Завршено високо образование во областа на комуникации, маркетинг, односи со јавност, бизнис администрација, новинарство или сродна област;
- Познавање и интерес за социјални медиуми и дигитална комуникација;
- Познавање на Canva или Adobe Creative Suite ќе се смета за предност;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Познавање на Microsoft Office;
- Креативност, внимание на детали и одлични комуникациски вештини.
🌟 Што нуди TITAN USJE?
- Платена практикантска работа;
- Бесплатен ручек во работните денови;
- Практично искуство и можност за стекнување нови знаења;
- Позитивна и стимулативна работна средина;
- Можност за развој на професионални и комуникациски вештини.
📩 Како да аплицираш?
Заинтересираните кандидати можат да аплицираат онлајн преку веб-страницата на TITAN USJE, во делот Career / Join Us, со приложување на CV и мотивациско писмо на англиски јазик.
👉 Аплицирај преку www.usje.mk