Платена практикантска работа во ТИТАН УСЈЕ – Сектор за животна средина

Пракса
Платена практикантска работа во ТИТАН УСЈЕ – Сектор за животна средина

ТИТАН УСЈЕ АД Скопје објавува оглас за платена практикантска работа во Секторот за животна средина, наменета за млади таленти кои сакаат да стекнат практично искуство и да ги развијат своите професионални вештини. Како компанија посветена на поддршка на заедницата и развојот на младите, ТИТАН УСЈЕ преку својата програма за практикантска работа создава можности за поврзување на младите со реалната работна средина. Програмата е дел од заложбите на Групацијата ТИТАН во рамки на „Pact for Youth“ на Европската унија, со цел зголемување на можностите за вработување и развој на младите таленти.

🌱 Што ќе работи практикантот?

Како дел од практикантската програма, практикантот ќе има можност да:

  • учествува во администрирање на документацијата согласно законските барања од областа на заштитата на животната средина, како и интерните системи и процедури;
  • администрира и евидентира податоци поврзани со заштитата на животната средина;
  • учествува во прибирање и обработка на податоци за месечни и годишни извештаи на Секторот за животна средина.

🎓 Кој може да аплицира?

Огласот е наменет за кандидати кои:

  • се без работно искуство;
  • се дипломирани или се во завршна година на технолошки науки, хемиски науки или машинско инженерство;
  • имаат одлично познавање на Microsoft Office;
  • имаат одлично познавање на англиски јазик;
  • се посветени, мотивирани и иницијативни;
  • имаат способност за тимска работа и кооперативност.

📄 Потребна документација

За аплицирање потребно е кандидатите да достават:

  1. Мотивациско писмо на англиски јазик;
  2. Биографија (CV);
  3. Доказ за образование – уверение за дипломирање или уверение за положени испити.

💼 Искористи ја можноста да стекнеш практично искуство, да учиш од професионалци и да го направиш првиот чекор кон твојата кариера во областа на животната средина!


Аплицирај тука

Подели членак: