Поддржете ги камповите GLOW и YMLP и овозможете им на новите генерации млади да бидат дел од нив

Инфо
Поддржете ги камповите GLOW и YMLP и овозможете им на новите генерации млади да бидат дел од нив

Кампот завршува. Промената продолжува. Веќе со години, камповите GLOW (Girls Leading Our World) и YMLP (Young Men’s Leadership Project) им овозможуваат на младите од Македонија да стекнат самодоверба, да ги развиваат своите лидерски вештини, да создаваат пријателства и да го откријат сопствениот потенцијал. Пандемијата COVID-19 го прекина одржувањето на двата кампови. По неколкугодишна пауза, ИМКА во 2023 и 2025 година повторно организираше дневни кампови, а во летото 2026 година ги врати и националните кампови со ноќевање. Со тоа, младите повторно добија можност да поминат неколку дена надвор од своето секојдневие, да запознаат врсници од различни места, да се соочат со нови предизвици и да научат нешто ново за себе и за другите.

Помогнете камповите да продолжат да создаваат можности за младите

Со „Влијанието продолжува“, ИМКА собира средства за да ги подобри и прошири камповите GLOW и YMLP во 2027 година. Поддршката ќе биде насочена кон три области:

  • Школарини за учесниците: Финансиска поддршка за млади чии семејства не се во можност да ја покријат целосната партиципација. Не сакаме финансиските ограничувања на семејствата да бидат причина некој млад човек да ја пропушти можноста да биде дел од кампот.
  • Опрема и материјали за активности: Обезбедување и обновување на шатори, опрема за престој и активности на отворено, како и материјали за работилници и активности за тимска работа и развој на лидерски вештини.
  • Активности во природа и нови искуства: Едукација за животната средина, тимски предизвици и практични активности во Националниот парк Пелистер.


Со секоја донација помагате повеќе млади да добијат можност да учествуваат, да стекнуваат нови вештини и искуства и да создаваат пријателства што ќе продолжат и по завршувањето на кампот.

Целиот текст тука

Подели членак: