Повик за административен асистент

Работа
Повик за административен асистент

📣 ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ВРАБОТУВАЊЕ на Административен асистент во Центар за младински активизам КРИК Центарот за младински активизам КРИК објавува повик за ангажман на Административен асистент, кој/а ќе биде одговорен/а за поддршка на финансиските и административните процеси во организацијата, како и за обезбедување навремена и ефикасна административна поддршка на проектните и организациските активности.

📣 ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ВРАБОТУВАЊЕ на Административен асистент во Центар за младински активизам КРИК

Центарот за младински активизам КРИК објавува повик за ангажман на Административен асистент, кој/а ќе биде одговорен/а за поддршка на финансиските и административните процеси во организацијата, како и за обезбедување навремена и ефикасна административна поддршка на проектните и организациските активности.

🔎 Основни информации за позицијата

Одговорности:
• Поддршка при раководење со финансиските и административните процеси на организацијата
• Подготовка, обработка и архивирање на финансиска и административна документација
• Следење и поддршка на проектни буџети и финансиски извештаи
• Логистичка и административна поддршка за канцелариски, проектни и сервисни активности
• Комуникација со сметководство, институции и партнери за финансиско-административни потреби
• Поддршка при подготовка на нови проектни апликации, ревизии и извештаи

🧩 Опис на работни задачи

• Води евиденција и архивирање на договори и анекси со вработени, надворешни соработници и партнери
• Подготвува пресметки за исплати на хонорари во координација со финансискиот директор
• Подготвува и архивира финансиска и административна документација
• Координира доставување на документација до сметководство
• Поддржува подготовка на месечни, квартални и годишни финансиски извештаи
• Подготвува барања за плаќања и проектна финансиско-административна документација
• Следи административни процедури поврзани со човечки ресурси
• Администрира документација за набавки согласно интерните и законските процедури
• Асистира во подготовка на буџети и финансиски прилози за проектни апликации
• Обезбедува поддршка при интерни и надворешни ревизии
• Поддржува организација на настани и активности преку финансиско-административна логистика

🎓 Потребни квалификации

• Најмалку 1 година релевантно работно искуство во финансиски и административен менаџмент
• Познавање на законската регулатива за финансиско работење на граѓански организации, работни односи и администрација
• Одлично познавање на Microsoft Office и Google алатки
• Развиени административни и организациски вештини
• Способност за работа во тим и почитување на рокови
• Напредни комуникациски и интерперсонални вештини
• Познавање на младинскиот сектор
• Завршено високо образование се смета за предност

⏰ Работно време и надомест

• Пола работно време – 20 часа неделно
• Работно време од понеделник до петок, со флексибилен распоред договорен со тимот
• Ангажманот бара физичко присуство во канцеларијата на КРИК во Црниче
• Работа од дома не е предвидена за оваа позиција
• Можност за патувања во странство за работни состаноци и обуки
• Бруто надомест: 27.000 МКД
• 12 дена годишен одмор
• Поддржувачка и флексибилна работна средина

📅 Рок и начин на аплицирање

Рок за аплицирање:
15 јуни 2026 година

📩 Испратете:
• Кратка биографија (CV)
• Мотивациско писмо

на: [email protected]

Наслов на мејл:
Административен асистент – Име и презиме
(пр. Административен асистент – Петар Петровски)

Апликациите ќе се разгледуваат по нивното пристигнување, а кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани за интервју.

Придружете се на тимот на КРИК и бидете дел од организација која активно работи на младинско учество, инклузија и создавање позитивни општествени промени.

Подели членак: