ПОВИК ЗА НОМИНАЦИИ НА СЛУЖБЕНИЦИ ЗА МЛАДИ

ПОВИК ЗА НОМИНАЦИИ НА СЛУЖБЕНИЦИ ЗА МЛАДИ

Министерството за социјална политика, демографија и млади (МСПДМ) и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), оваа година за прв пат ја доделуваат Наградата за партнери на младите. Наградата има за цел да ја препознае, истакне и промовира посветеноста на службениците за млади кои преку својата работа, ангажман и посветеност придонесуваат кон подобрување на младинските политики, поддршка на младинските иницијативи и воспоставување на функционална комуникација помеѓу младите и институциите. Службениците за млади имаат клучна улога во приближувањето на институциите до младите, обезбедувањето информации и поддршка, како и креирањето можности младите активно да учествуваат во локалниот развој и општествените процеси. Преку оваа награда, се препознаваат оние службеници кои ја надминуваат формалната улога на својата позиција и се вистински партнери на младите.

УСЛОВИ ЗА НОМИНАЦИЈА

За Наградата за партнери на младите – категорија Службеник за млади, може да биде номинирано лице кое ги исполнува следните услови:

  • Да биде назначено како службеник за млади во рамки на институција/единица на локална самоуправа согласно важечките прописи најмалку шест месеци пред денот на објавување на овој повик;
  • Да има активен ангажман поврзан со работа со млади;
  • Да придонесува кон подобрување на комуникацијата и соработката помеѓу младите и институциите;
  • Да има реализирано активности, иницијативи или процеси кои имаат позитивно влијание врз младите;
  • Да покажува посветеност кон принципите на младинско учество, еднакви можности и инклузивност.

 

Номинацијата може да биде поднесена од:

  • лично;
  • форми на младинско организирање;
  • неформални младински групи;
  • институции;
  • други релевантни чинители или поединци кои имаат директно искуство со работата на номинираниот службеник за млади.

 

КРИТЕРИУМИ ЗА НОМИНАЦИЈА

При поднесување на номинацијата, потребно е да се земат предвид следните критериуми:

  • кандидатот покажува активна посветеност во поддршка на младите, нивните потреби и иницијативи.
  • кандидатот придонесува кон зголемување на можностите младите да бидат информирани, консултирани и вклучени во процесите на донесување одлуки.
  • кандидатот активно придонесува кон спроведување активности, мерки или механизми кои го подобруваат статусот и можностите за младите.
  • кандидатот воспоставува и унапредува соработка со младински организации, организации за млади, неформални младински групи и други релевантни чинители.
  • кандидатот покажува иницијативност, развива нови пристапи и придонесува кон подобрување на услугите и можностите достапни за младите.
  • работата на кандидатот има забележливи и мерливи резултати и позитивно влијание врз младите и заедницата.

 

НАСОКИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НОМИНАЦИЈА

Номинациите се поднесуваат преку пополнување на формулар на следниот линк:

 

Кон номинацијата може да се приложат писма за поддршка или препорака со наративен опис на придонесот и работата на номинираниот службеник за млади како и извештаи, документи и други докази за работата на службеникот за млади.

Рокот за поднесување на номинации е до 29 јули 2026, 23:59 ч.

Целосниот повик е достапен на следниот линк.

Подели членак: