Повик за подготовка на дизајн, припрема и печатење на материјали

Работа
Повик за подготовка на дизајн, припрема и печатење на материјали

Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“има потреба од ангажирање на правно лице за подготовка на дизајн, припрема и печатење на материјали со различни содржини и намени.

Цел и задачи на активностите

Избраната компанија треба да обезбеди услуги за дизајн, припреми за печатење и печатење на следните видови материјали, по барање и насоки од Нарачателот:

1. Публикации А4 и А5 формат во електронска и печатена верзија (текстуален дизајн, дизајн со графикони и табели, дизајн со графикони, табели, инфографици, дизајн на корица, печатење на различни видови на хартија, црно бел печат или полн колор, пласификат на корица, различни видови на поврзување и коричење).

2. Материјали на А0 формат во електронска и печатена верзија (дизајн на плакат, печатење постери)

4. Инфографикони во различен формат (дизајн А3, А4, А5 формат)

5. Електронски содржини за постови за социјални медиуми (Instagram / Facebook)- визуели (дизајн на пост, cover, reel (видео), видео пост, покана)

6. Промоција на социјални медиуми (boost)

7. Други материјали за промоција (рол банер, визит карти, стикери, беџеви, торби, постери, маици, блузони, флаери, брошури, акредитации)

8. Други материјали и услуги кои може да ги понуди добавувачот во насока на исполнување на целите на Еко-свест (фотографирање и снимање настан, анимирано видео итн.)

Содржините, визуелниот идентитет и другите потребни параметри за дизајн, подготовка и печатење на материјалите ќе бидат обезбедени од страна на Еко-свест, заедно со сите потребни насоки за тираж, квалитет и намена на материјалите.

Временска рамка за доставување на понуда

Периодот за  доставување на Понуда е до 22.07.2026 година.

Временска рамка за спроведување на активноста

Со избраниот понудувач ќе биде склучен рамковен договор со трајност од 2 години со можност за негово продолжување.

Потребна документација за пријавување

– Краток опис на компанијата (портфолио);

– Најмалку три референтни проекти слични на бараната услуга;

– Список на клиенти;

– Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 месеци;

– Биографија од најмалку едно лице со искуство во дизајнирање кое би било ангажирано за активноста;

– Финансиска понуда во која ќе биде наведена цена за секоја од наведените точки, во завосност од квалитетот и тиражот посебно, како и финална цена за целата услуга со вклучен ДДВ;

– Пополнета изјава (анекс 1).

Компанијата мора да ги исполнува следниве критериуми:

Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република С. Македонија, и постои најмалку 5 години.

Понудите треба да се достават по електронски пат на македонски јазик.

Доставените материјали остануваат во архивата на Еко-свест.

Пријавување

Комплетната понуда кандидатите треба да ја испратат на email:[email protected]најдоцна до 22.07.2026 година до 16:00 часот, со назнака Доставување понуда за дизајн и печатење.

Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот. Пријавите кои ќе пристигнат по наведениот рок или без целосна документација, нема да бидат разгледувани. Повеќе информации или прашања можете да поставите на [email protected] и тел. +38970249785.

Целиот повик прочитај го тука

Подели членак: